Скоро половина македонски корисници се на Фејсбук повеќе од 3 часа на ден

44% од македонските корисници поминуваат 3 и повеќе часа дневно на Фејсбук, покажаа резултатите од првото сеопфатно истражување за ставовите и однесувањето на македонските корисници на оваа социјална мрежа. Иако дури 60% од корисниците сметаат дека премногу време поминуваат тука, само 22,5% размислуваат да се откажат од користењето на мрежата.

Скоро половина македонски корисници се на Фејсбук повеќе од 3 часа на ден

„Податоците кои ги добивме веруваме дека ќе им помогнат на компаниите, професионалците и организациите подобро да ги позиционираат своите стратегии за промоција на Фејсбук“ – изјави Никола Спасов од агенцијата Рејтинг, која заедно со Њумедиа.мк го спроведе онлајн-истражувањето.

Целосните резултати ќе бидат презентирани во рамки на AllWeb, конференцијата за интернет маркетинг и онлајн ПР што ќе се одржи на 15 овој месец во Скопје.

Темата на AllWeb ќе биде интегрирани комуникации, а фокусот ќе биде ставен на интегриран маркетинг, мерење и анализа на социјални медиуми и онлајн-односи со јавноста. Конференцијата има за цел да понуди ново искуство за маркетинг менаџерите, агенциите за маркетинг и за односи со јавноста, луѓето кои обезбедуваат содржини на Интернет, студентите, но и за локалните претприемачи.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар