Шизици, уживајте без ризици! Тестирај се. Заштити се. Не дискриминирај.

Под мотото „Шизици, уживајте без ризици!“ започна националната кампања за борба против ХИВ/СИДА. Наменета за широката јавност и посебно фокусирана на младите луѓе, оваа кампања содржи и дополнителни активности, со цел да се одбележи 1 декември, Светскиот ден за борба против сида.

1-shizici-uzhivajte-bez-rizici-testiraj-se-zashtiti-se-ne-diskriminiraj-kafepauza.mk

Како дел од многубројните активности, на 1 декември, во рамките на фестивалот Таксират, во Младинскиот културен центар – Скопје ќе се одржи настан посветен на подигнување на јавната свест за ХИВ/СИДА. Настанот е со слободен влез, а е замислен како збир од повеќе разновидни содржини посветени на оваа тема, меѓу другите и проекции на филмови во киното „Фросина“, како и промоција на овогодишниот „Твитер календар“ во фоајето на МКЦ. Настанот ќе биде музички поддржан и од страна на Соња Исмаил, која ќе има свој DJ-сет, како и со настапите на Лепи Џони и легендарните Bad Copy.

2-shizici-uzhivajte-bez-rizici-testiraj-se-zashtiti-se-ne-diskriminiraj-kafepauza.mk

Националната кампања за борба против ХИВ/СИДА е организирана од Министерството за здравство на РМ и е финансирана од Глобалниот фонд за борба против сида, туберкулоза и маларија, во соработка со Светската здравствена организација. Во промовирањето на позитивните цели на кампањата се приклучија и Црвениот крст на Република Македонија, како и Невладината организација „Доверба“, чии активности се поврзани со борбата против зависности и превенција на штетните последици од ХИВ/СИДА.

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар