Red Bull Crashed Ice: Отворање на сезоната во Финска

Новата 14. по ред сезона на Red Bull Crashed Ice започнува со долго очекуваното враќање во Финска, каде што ќе се одржи трката закажана за првиот ден од февруари. Најдобрите спуст-лизгачи ќе се натпреваруваат на замрзнатиот северен раб на Европа, земја со огромна наклонетост за спортот, која последен пат беше домаќин на трка од Ice Cross Downhill во 2007 година.

Red Bull Crashed Ice: Отворање на сезоната во Финска

ХЕЛСИНКИ, Финска – Расте возбудата пред првата станица од Светското првенство за 2014 во Ice Cross Downhill во Хелсинки на 1 февруари, каде што Швајцарецот Дерек Веџ ќе ја започне одбраната на титулата освоена минатата сезона, на првата од четирите трки кои носат поени за шампионатот. Трката во Финска е во скијачкиот центар Серена, кој е веднаш до Хелсинки, каде што е изградена наменска патека за овој спорт, една од се поголемиот број вакви патеки низ светот, како одраз на популарноста.

Red Bull Crashed Ice: Отворање на сезоната во Финска

Швајцарецот Дерек Веџ неочекувано триумфираше минатата година пред ветеранот Кајл Кроксал од Канада, кој беше шампион во 2012 година, а лани второпласиран, додека Американецот Камерон Неш беше трет во генералниот пласман во една од највозбудливите сезони во историјата на спортот, со четири различни победници на петте трки. Се очекува конкуренцијата во 2014 година да биде уште поинтензивна, без јасен фаворит за титулата, зашто многу спортисти тренираа цела година за овој супер-брз спуст, каде што се постигнуваат и 60 километри на час на предизвикувачки патеки со висинска разлика од 40 метри и должина од 480 метри, на кои се поставени скокови, пречки и тесни свиоци.

Red Bull Crashed Ice: Отворање на сезоната во Финска

Спортистите кои сонуваат да станат ѕвезди на Ice Corss Downhill учествуваа во квалификациските натпреварувања низ Европа, со надеж дека ќе ги следат чекорите на Веџ, Наш, но и на Австриецот Марко Далаго, кој дојде до Red Bull Crashed Ice како ненајавен освојувач на таквите регионалните квалификации, по што се стекна со имиџ на ненадејна ѕвезда.

Трката во Финска ќе претставува и оддавање почит на „Летечките Финци“ кои оставија неизбришлива трага во спортот од неговото креирање во 2001 година. Финска е татковина на некои од најдобрите учесници на сите времиња во трките од Ice Cross Downhill, како Мика Јукиманен, Пааво Клинтруп и неодамна пензионираниот Арту Пихлаинен. Овој спорт има огромна популарност во земјата каде што се сака брзината и спортистите кои ги тестираат сопствените граници. Минатата година двајца од првите десетмина беа од Финска.

Red Bull Crashed Ice – Календар 2014:
  • 01.02.2014 Хелсинки, Финска
  • 22.02.2014 Сент Пол, САД
  • 08.03.2014 Москва, Русија
  • 22.03.2014 Монтреал, Канада

Фото: Scott Serfas/RedBullContentPool, Sebastian Marko/RedBullContentPool, Дизајн: Red Bull Creative

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар