Рецепт што не се пропушта – Тања Кочовска и Президент готват за вас

Тања Кочовска, една од нашите најпрепознатливи актерки, жестока и впечатлива на сцената, урнебесно хумористична, зад себе има 23 години кариера и многу домашни и интернационални награди за својот придонес во претставите и изведбите на ликовите. За музичките и актерските способности на Тања Кочовска се пишува и се говори многу, но нејзините извонредни кулинарски способности сепак ги познаваат само најблиските.

recept-shto-ne-se-propushta-tanja-kochovska-i-prezident-gotvat-za-vas (1)

Ако готвењето за некои е само хоби, за Тања е сепак начин на живот. Грижата за она со што се храни таа и нејзиното семејство е нејзина интимна религија. Нејзината автентична и уникатна кујна е во централниот дел од просторот за живеење, а околу неа се „плеткаат“ сите членови на семејството.

Тања готви и по неколку јадења дневно, за сите различни желби и барања и тоа се најчесто салати и супи, но и јадења што се крчкаат долго и трпеливо.

Во нашата кратка дружба и кафе-муабет, со нас го сподели рецептот за здрава и вкусна салата, една од најомилените на нејзините сакани. Во салатата можете да ставите сè што предложи Тања, но можете да комбинирате што било од она што го имате дома, да го испразните фрижидерот од остатоците зеленчук, но и да направите вкусна салата за сите, па забавувајте се, креирајте и уживајте.

recept-shto-ne-se-propushta-tanja-kochovska-i-prezident-gotvat-za-vas (3)

Еве ја комбинацијата на Тања за инспирација:

  • Марула
  • Млад кромид
  • Морков на ленти
  • Јаболко сечкано на тенки листови
  • Рукола
  • Коцки авокадо
  • Магдонос
  • Пченка
  • Парчиња цвекло
  • Семки од сончоглед
  • Крутони
  • Коцкички Президент Салакис

Зачинете по желба, иако оваа салата е толку богата, раскошна и вкусна, што ѝ треба сосема мала „маринада“ од сол и маслинов зејтин.

Здравите навики и традиционалната кујна преполна со вкусови очигледно може да одат рака под рака. Во брзиот, современ начин на живот, најчесто ги заменуваме домашно зготвените јадења со брза храна. Но, нештата сепак се менуваат, а потребите на организмот и натаму се исти – здрава храна за здраво тело.

Президент го поддржува трендот на домашно зготвените јадења, што ја победуваат инстант храната. Можностите се такви што за здраво и вкусно јадење не се потребни часови и часови долготрајно стоење до шпоретот.

Президент ги охрабрува младите домаќинки и сите што сакаат да готват здраво за себе и за своите најмили да направат мали, позитивни чекори во своите домаќински практики. Потребна е само малку инспирација и желба за да готвите како во врвните ресторани. Готвењето може да биде забава, особено со идејата дека на своето семејство му овозможувате нешто домашно, свежо и здраво.

recept-shto-ne-se-propushta-tanja-kochovska-i-prezident-gotvat-za-vas (2)

Впечатокот дека за саканите сте направиле нешто добро, ќе ве поттикне непрекинато да истражувате и на масата секогаш да принесете нешто ново. Рецептот на Тања со Президент Салакис ќе ви се допадне ако истовремено сте авантуристи и сакате да експериментирате со состојки, ароми и вкусови.

Најмногу се ужива во она што самите ќе го направите.

Готвењето не мора да биде обврска.

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар