Пуштени илјадници Dove гулаби на улица Македонија

Светскиот бренд Dove вчера, на празникот на жената, пушти илјадници гулаби на улица Македонија во Скопје. Девојките на Dove им го честитаа празникот на илјадници жени, случајни минувачки, подарувајќи им прекрасно спакуван крем Dove со порака дека секоја жена е убава на свој начин и дека мора да биде свесна за тоа.

pushteni-iljadnici-dove-gulabi-na-ulica-makedonija-kafepauza.mk

Застапувајќи го ставот дека сите жени се убави, без разлика на изгледот, возраста, облините и бојата, Dove се издвојува по својот концепт за убавина од сите други брендови. Овој принцип на Dove создава позитивна реакција и чувство на силна поврзаност на жените со брендот. Мисијата на Dove успешно го руши стереотипниот поглед за убавината и со самото тоа делува инспиративно во негувањето на надворешниот изглед но и внатрешното чувство на жената. Природната убавина што доаѓа до израз само со вистинска нега, ѝ дава на жената поголема самодоверба, а со тоа ја прави уште поубава, посреќна и поуспешна.

Веќе 58 години трае традицијата на премиум брендот задржувајќи се на револуционерната формула на производите на Dove чија што главна карактеристика е ¼ хидратантен крем содржана во секој производ на Dove. Токму затоа, производите на Dove се познати како производи кои се грижат за кожата и ја прават мека и нежна. Развојот на брендот базиран на идејата за вистинска нега го прави Dove еден од најсаканите брендови за грижа на природната убавина на жената.

На 8ми март, илјадници жени беа воодушевени од гестот на Dove, што изнуди насмевки на нивните лица и покажа дека Dove навистина ги познава жените и знае во секој момент да одговори на нивните желби и потреби.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Читај на раат!

Остави коментар