Публицис со одлична дигитална кампања за „Синедејс“: Се снимија првите кратки Твитер-филмови во живо

Во рамки на филмскиот фестивал „Синедејс“, маркетинг агенцијата Публицис имаше одлична дигитална кампања која направи вистински „бум“ на Твитер. Во три дена се снимија три кратки филмови чии „режисери“ беа дел од највлијателните македонски твитерџии, а останатите твитер-корисници го пишуваа сценариото на хаштагот #филмвоживо.

Processed with VSCOcam with hb1 preset

Стримингот од филмовите можеше да се гледа на сајтот на Hotel Cinedays, како и на првите live-feed банери во Македонија, поставени на најпопуларните веб-сајтови.

Првиот ден режисери беа @JBurgundi и @mnogufina кои снимаа во во собата на писателот, вториот ден @mila_la и ‏@Gas_maska беа „режисери“ во собата на љубовниците, а третиот ‏ @jocoska и ‏@strezovski беа „режисери“ во собата на киднаперите, додека @Gas_maska беше еден од глумците во таа соба.

4-publicis-so-odlichna-digitalna-kampanja-za-sinedejs-se-snimija-prvite-kratki-tviter-filmovi-vo-zhivo-kafepauza.mk

Одличниот избор на твитерџии, споени со супер идеја, кренаа вистински buzz на Твитер: хаштагот  #филмвоживо беше во топ теми 5 дена, повеќе од 355 твитерџии се вклучија во кампањата и таа постигна повеќе од 7 милиони импресии.

Првиот оригинален обид за снимање на кратки филмови во живо заврши успешно. Филмовите ќе ја имаат својата премиера на претстојните Твитер-награди во МКЦ, на 18.12 а сите кои нема да присуствуваат на настанот ќе може да ги погледнат кога ќе бидат поставени на веб-сајтот на Cinedays и на нивниот канал на YouTube.

Твитер-постови:

Ова е прва голема Твитер-кампања што се одвива во Македонија и не само што беше одлично прифатена од сите, туку и ја постигна својата крајна цел – разбуди поголем интерес за филмскиот фестивал „Синедејс“ во чии рамки се одвиваше.

3-publicis-so-odlichna-digitalna-kampanja-za-sinedejs-se-snimija-prvite-kratki-tviter-filmovi-vo-zhivo-kafepauza.mk

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар