Пронајдете ја најдобрата мобилна тарифа за вас

Пронајдете ја најдобрата мобилна тарифа за вас

Колку пати досега ви се случило да платите многу повисока сума од редовната тарифа на вашиот мобилен телефон? Ретко кој од нас посветува време да ја разгледа детално тарифата за телефонската сметка, сите тие опции, точки, ситни ѕвездички се навистина конфузни, па и досадни за читање. Но, токму поради тоа, многу често се случува да преплатиме.

Сакајќи да им помогне на сите корисници на мобилни телефони, тим на ентузијасти направи нова алатка: „Тарифа по мерка“ која може да ви помогне во оптимизирање на трошоците. Врз база на вашите реални историски податоци – која тарифа ја користите, на што трошите најмногу, Тарифа по мерка генерира препораки кои ви нудат најдобри цени.

На интернет страницата www.tarifapomerka.com можете да ги дознаете сите „скриени“ потточки на вашиот договор, да пресметате што ве чини најмногу, а во исто време и да одберете најповолна цена од сите оператори во Македонија. За пристап од мобилен телефон, можете да ја користите и мобилната верзија.

Проверете ја Тарифа по мерка, одберете го најповолното решение за вас и никогаш повеќе не плаќајте повеќе од потребното за вашиот мобилен телефон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар