Промоција на книгата „Белешките на Лајла Грејс“ од Марија Јаневска

Промоција на книгата „Белешките на Лајла Грејс“ од Марија Јаневска

Време: 4 декември, 19 часот
Место: Концепт 37

Промоција на книгата „Белешките на Лајла Грејс“ од Марија ЈаневскаВо среда, 4 декември во 19 часот во кафе Концепт 37 ќе се одржи промоција на книгата „Белешките на Лајла Грејс“ на Марија Јаневска, македонски блогерист, колумнист и автор на кратки текстови и новели.

Марија Јаневска на јавната книжевна сцена се појавува летото 2012 година, преку својот блог „Белешките на Лајла Грејс“, по што за кратко време псевдонимот Лајла Грејс доживува огромна популарност.

Нејзините текстови се препознатливи по скриените пораки што ги носат во себе, по живот и разговорлив јазик, како и по силните чувства во кратките приказни во кои може да се пронајде секој од нас. Тие несомнено се инспирирани од нејзиниот живот, но сепак настаните што ги раскажуваат се вметнати во туѓи приказни.

„Белешките на Лајла Грејс“ е нејзината прва книга, а во неа се поместени најпопуларните текстови објавувани на нејзиниот блог како и досега необјавени материјали.

„Настаните не се вистински. Односно тие се вистински во секој можен поглед, но јас им го сменив крајот, или дури и самиот почеток. Беше премногу болен или можеби и премногу едноставен за раскажување. Ликовите можеби во вистинскиот живот не заслужија вака да завршат, некои можеби завршија, а другите се можеби само моја илузија.

Можеби мојата гордост ја избрка храброста и ме направи кукавица. Но, на некој начин, јас најдов како да ја раскажам мојата приказна онака како што сакав да заврши. Како што немав храброст да ја погазам гордоста и да се борам за таквиот крај. Туку дозволив љубовта да се испогани, на сите можни начини на коишто луѓето ќе успеат да го испоганат и најчистото – и најчистата душа и најчистата љубов. Но, сепак, и по толку време, со тоа што ги раскажав приказните со променет преплет на настаните, таа невина наивност ќе остане чиста и засекогаш ќе живее во мене.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар