Проекција на обновената верзија на култниот француски филм „Армија на стравот“ од 1969

Проекција на обновената верзија на култниот француски филм „Армија на стравот“ од 1969

Кинотеката на Македонија и Францускиот институт во Скопје имаат чест да ве информираат дека в четврток 30 јануари 2014 год., во 20 часот, во Кинотеката на Македонија, ќе се одржи вечер посветена на француското филмско наследство.

Во рамките на овој настан, ќе биде претставен Францускиот филмски фонд од страна на г-дин Ерик Лероа, почесен гостин на Кинотеката на Македонија и Претседател на Меѓународната федерација на филмски архиви, а потоа следи проекција на обновената верзија на култниот француски филм „Армија на стравот“ на Жан-Пјер Мелвил (1969).

Филмот е со превод на македонски јазик.

Настанот ќе го отворат Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција, и г-ѓа Мими Ѓоргоска-Илиевска, Директор на Кинотеката на Македонија.

Проекција на обновената верзија на култниот француски филм „Армија на стравот“ од 1969


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар