Пробаланс препорачува: Како до подобар имунолошки систем кај вашето бебе?

Пробаланс препорачува: Како до подобар имунолошки систем кај вашето бебе?

1-probalans-preporachuva-kako-do-podobar-imunoloshki-sistem-kaj-vasheto-bebe-kafepauza.mk

1. Доење

Се препорачува Вашето бебе да го доите колку што е можно подолго (во период од 6 месеци до 1,5 година) бидејќи, мајчиното млеко е клучно за силен имунолошки систем. Тоа го снабдува бебето со потребните компоненти за заштита од болести, како и со сите потребни нутриенти. Мајчиното млеко во себе содржи голем број пробиотички бактерии, како што се лактобацили и бифидобактерии. Ова се добри бактерии кои го поттикнуваат развојот на цревната микрофлора кај доенчето, како предуслов за добро здравје. Доколку мајката го храни детето со адаптирано млеко, тогаш се препорачува да се даваат и пробиотици.

2. Исхрана (по 6 месечна возраст)

Добрата исхрана е од суштинско значење за развој и одржување на здрав и силен имунолошки систем. Недостатокот на добро балансирана и нутритивна храна може да биде одговорна за хроничен имунолошки проблем. Потребни се природни извори на витамини, како што се овошјето и зеленчукот (изобилуваат со витамин Ц, а содржат и антиоксиданси).  Затоа, давајте повеќе свежи и здрави намирници. Хранете го бебето со зеленчук во жолта и портокалова боја, т.е. со продукти кои имаат висок процент на каротен, бидејќи ги зголемува нивоата на белите крвни зрнца задолжени за борба против инфекции.

3. Животна средина

Во нашата животна средина секојдневно сме изложени на повеќе од 75.000 хемикалии. Хемиската изложеност може да го оштети имунолошкиот систем кај човекот, да ја намали борбата против вообичаените инфекции и да предизвика сериозни болести. Лошиот квалитет на воздухот во внатрешноста на домот, како и надворешниот воздух, контаминираната храна и вода и постојаната изложеност на пестициди, се причинители за намален имунитет кај децата. Постојат чекори и постапки кои може да се преземат за да се избегне непотребната изложеност и да се намали влијанието на хемикалиите врз вашите деца.

4. Дигестивен систем

Од исклучителна важност е да се одржи здрав дигестивен систем. Затоа што, речиси 70% од вкупниот имунолошки систем се наоѓа во дигестивниот тракт. Препорачуваме да го храните бебето со добра и здрава храна.

5. Пробиотици

Доколку на бебето сте му давале антибиотици или имало проблеми со инфекции во уво, дијареја, алергија на храна, грчеви, егзема, цревни вирусни инфекции, кандида или е хрането со адаптирано млеко, тогаш дефинитивно, препорачуваме користење пробиотик. Исто така, пробитикот се дава како превентивна заштита и за зголемување на имунитетот. Пробиотиците се корисни бактерии во цревниот тракт кои се од суштинско значење за добар имунитет.

6. Витамин Д

Бидејќи во зима честопати изложеноста на сонце е помала, честопати кај децата доаѓа до дефицит на витамин Д, поради што од клучно значење е тој да се додава на разни начини. Витаминот Д е значаен за правилен развој на коските, има противвоспалително дејство, заштитно влијае на цревниот ѕид и ја поттикнува неговата регенерација, помага при превенција и третман на атопичен дерматит и има значаен ефект во намалување на гастроинтестиналните инфекции. Влијае и на нормалниот раст и развој.

7. Движење и одржување на тежината

Движењето и вежбањето се активности кои докажано го подобруваат имунолошкиот систем. Тие го „мотивираат“ организмот да создава повеќе бели крвни зрнца. Затоа, правете му вежби на вашето бебе додека не е во можност само да ги прави. Кога ќе почне да лази или слободно да се движи, тогаш оставете го. Тоа се неговите „вежби“.

8. Заштита на белите дробови

Најслабата точка кај бебињата се белите дробови. Родителите треба да бидат внимателни и да го држат детето подалеку од пушачи. Никотинот ја оштетува заштитната облога на дишните патишта, што бебињата ги прави повеќе подложни на инфекција, односно на респираторни вируси меѓу кои и т.н. „Респираторен Синцицијален Вирус (РСВ)“.

9. Есенцијални масни киселини (ЕМК)

Консумирањето на масна риба (како што е лососот) е добро за зајакнување и развој на мозокот, но исто така, високите нивоа на есенцијални масни киселини помагаат во подобрување на имунитетот кај децата. Овие киселини се потребни да им помогнат на белите крвни клетки што се борат против инфекциите. Една студија открива дека децата со историја на респираторни инфекции многу побрзо оздравуваат кога примаат доволно количество ЕМК.

Со консумирањето на пробиотиците природно се надополнува нивото на „добрите“ бактерии и се јакне имунитетот. (За повеќе информации, погледнете на baby.probalans.hr).

Пишува: Светлана Црнокрак

2-probalans-preporachuva-kako-do-podobar-imunoloshki-sistem-kaj-vasheto-bebe-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар