Прави добро - чувствувај се добро

Прави добро – чувствувај се добро

Палијативна нега е нова филозофија на животот, која не се однесува само на постари пациенти, туку ги опфаќа сите со неизлечиви болести или состојби, од деца до лица во длабока старост.

Палијативната медицина е најмлада гранка на медицината присутна во последните шеесетина години, филозофија која се залага за помош и поддршка на пациентите со прогресивни или неизлечиви болести, насочена кон подобрувањето на квалитетот на животот на пациентите, како и задоволување на нивните потреби и желби.

pravi-dobro-chuvstvuvaj-se-dobro-kafepauza.mk

Палијативна грижа е интердисциплинарен пристап на решавање на предизвиците на немоќните на тим од специјалисти, доктори, медицински сестри, социјални работници, физиотерапевти, психолози, црковни лица и волонтери или подобро кажано „сеопфатен” пристап кон пациентот.

Ставот кон животот на сите пациенти треба да се почитува, но и да им се ублажи физичката и емоционалната болка и да им се олесни секојдневието со лекови, но и со добра комуникација, многу време, љубов, трпение и емпатија. Воведувањето на палијативна нега во здравствениот систем ќе им помогне на пациентите во најтешките моменти од животот и на сите заболени од карцином, невролошки или срцеви заболувања, дијабетичари, заболени од хронични болести, Паркинсонова болест, Алцхајмер, Деменција

Вознемирува податокот дека до 2050 година, дури 135 милиони од светското население ќе биде засегнато од деменција, а во недостаток на доволно научни податоци што се темелат на релевантни испитувања, креирана е бесплатна мобилна апликација за утврдување на способноста за навигација кај здравите луѓе, што понатаму ќе обезбеди критериуми за споредба со лицата со сиптоми на деменција и можност за креирање тестови за рана дијагноза на болеста. Со едноставно даунлодирање на „Sea Hero Quest“ и со само 2-минутно играње се обезбедуваат податоци кои во конвенционални, лабораториски услови би се добиле за 5 часа.

„Sea Hero Quest“ ја лансираше Групацијата Дојче Телеком, поддржана од Македонски Телеком, во соработка со интернационални партнери Alzheimer’s Research, Универзитетот во Лондон, Универзитетот на Источна Англија и развивачите на игри од компанијата Glitchers.

Превземете ја бесплатната мобилна апликација за iOS и Android системите од App Store и Google Play на следниот линк, играјте, забавувајте се и она што е најважно- дајте го својот придонес во најголемото научно истражување за деменцијата.

Повеќе за целиот научен проект, идејата и концептот на овој линк.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар