Повеќе од 50.000 потрошувачи ги користат поволностите на Веро картичката за лојалност

Повеќе од 50.000 потрошувачи ги користат поволностите на Веро картичката за лојалност

Над 50.000 потрошувачи станале сопственици на Веро картичка за лојалност во изминатите шест месеци, со која добиваат бројни попусти и пониски сметки во маркетите на Веро. Од воведувањето на програмата за лојалност пред половина година, како подарок од Веро за редовните потрошувачи, илјадници купувачи во Веро маркетите секојдневно ги користат поволностите што ги нудат овие картички.

Со секој купен производ во Веро маркетите, на картичката се впишуваат поени. Но, во маркетите постојано има производи на промоција со кои се добиваат и дополнителни поени кои исто така се впишуваат на Веро картичката. Со секои собрани 1.000 поени, од крајната сметка автоматски се одбиваат 100 денари.

1-povekje-od-50-000-potroshuvachi-gi-koristat-povolnostite-na-vero-kartichkata-za-lojalnost-kafepauza.mk

Аплицирањето за Веро картичката се врши на три начини. Потрошувачите може да аплицираат онлајн преку интернет страницата www.vero.com.mk, преку мобилната апликација Vero app или директно со пополнување формулар на главната каса во кој било Веро маркет.

„Веро картичката е подарок за нашите лојални потрошувачи кои преку неа добиваат ексклузивни понуди и поволности, но и пониски сметки. Создадовме програма за лојалност преку која потрошувачите многу брзо го добиваат попустот на нивните сметки имајќи предвид дека сите производи во Веро маркетите се вклучени во програмата, а со бонус поените редовно се опфатени производи од сите категории. Нашиот тим постојано ги следи желбите и потребите на купувачите и според нив креираме различни акции и понуди. Целиот труд резултира со илјадници задоволни потрошувачи во Веро маркетите“ – велат од маркетинг тимот на Веро.

2-povekje-od-50-000-potroshuvachi-gi-koristat-povolnostite-na-vero-kartichkata-za-lojalnost-kafepauza.mk

Секој регистриран потрошувач добива една главна картичка и уште две дополнителни наменети за членовите на неговото семејство. При плаќањето на сметките направени во кој било маркет на „Веро“, поените од трите картички се собираат на една заедничка сметка и може да се искористат за намената за која се одлучил сопственикот на картичката. Потрошувачите кои што се регистрирале онлајн поените ги собираат на својот мобилен телефон, но постои опција да добијат и картичка доколку тоа го наведат во онлајн апликацијата.

Потрошувачите кои ќе пополнат апликација за програмата за лојалност во некој од маркетите на Веро, картичките ќе ги добијат веднаш. Тие што ќе аплицираат по електронски пат, доколку во апликацијата наведат дека сакаат да имаат и картичка, службите на Веро им ја испратат на домашна адреса.

3-povekje-od-50-000-potroshuvachi-gi-koristat-povolnostite-na-vero-kartichkata-za-lojalnost-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар