Погледнете ја велосипедската оф-роуд тура низ Мариово прикажана со дрон и GoPro камера

Во еден од најубавите предели во Македонија, Мариово, пред една недела се одржа традиционалниот фестивал Мариово оф-роуд, а врв на тридневниот настан беа велосипедските тури. Компанијата „Жито пром“, која ги произведува вкусните кроасани 4U, одлучи да ги однесе сите љубопитни луѓе на најдолгата патека и да ја покаже убавината на Македонија, но и упорноста на овие велосипедски ентузијасти. Најтешката рута беше долга 50 километри и минуваше низ 5 села.

Погледнете ја велосипедската оф-роуд тура низ Мариово прикажана со дрон и GoPro камера

Целото патешествие на велосипедистите е регистрирано со снимки од дрон и со GoPro камера која ја носи еден од учесниците на настанот, а во тек на целата патека спортските ентузијасти се насладуваа со кроасаните 4U со вкус на какао, јагода, ванила и кајсија како и оние со мешани вкусови на какао и ванила и вишна и ванила. Луѓето кои не се присутни на турата сега може да почувствуваат како е да се вози велосипед по различни подлоги како што се асфалт, широк тампон, премин преку река, крос кантри дел, козји патеки и карпи. Како што се одвива турата, гледачите може да уживаат во живописните мариовски села од кои повеќето се напуштени, како што се: Бешиште, Градешница, Старавина, Зовиќ, Манастир, но и во околната недопрена природа која плени со својата убавина.

Неверојатното искуство на гледачите е надополнето со посета на двата манастира Св. Никола и Св. Илија. Патеката по која се движат учесниците на турата минува покрај манастирот Св. Никола, додека велосипедското патешествие завршува токму кај манастирот Св. Илија во Витолиште, каде што имаше организиран ручек за сите учесници во трпезаријата на манастирот.

Во продолжение погледнете го видеото од велосипедската тура и уживајте во убавините на Мариово, а повеќе за кроасаните 4U може да прочитате и на официјалната Фејсбук страница.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар