Почнува Trash for art 2016! Пријавете се и освојте 30.000 денари!

Почнува Trash for art 2016! Пријавете се и освојте 30.000 денари!

Уметничките дела не се ограничени само на веќе прифатените материјали соодветни за обработка. Голем број уметници го јакнат своето уметничко јунаштво, барајќи инспирација во амбалажниот отпад што тие вешто го претвораат во дела на современата уметност.

(2) Почнува Trash for art 2016! Пријавете се и освојте 30.000 денари!

Најден, готов и веќе користен амбалажен отпад во последните децении е примамлива суровина за разни уметнички изрази, од дадаизмот до надреализмот и сите можни рецидиви на новите уметнички пракси. Поради тоа, но и од многу други причини, многу уметници и артисти за изработка на своите дела користат амбалажен отпад.

Пакомак, со организацијата на наградниот конкурс Trash for art 2016 веќе шеста година по ред сака да ги охрабри уметниците да користат амбалажен отпад во својата уметност и со тоа да ги освестат останатите во врска со отпадот, поттикнувајќи ги на размислување како на креативен начин можат нешто старо и искористено да го претворат во нешто сосема поинакво, ставајќи го отпадот во контекст на уметноста.

Сите креативци, лица со магични раце и вештини за обработка и оваа година може да бидат дел од Trash for art 2016 и да креираат импресивни творби од стари гуми, хартија, лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак-пакувања, кеси и обвивки, картон и многу друго.

Наградниот конкурс Trash for art 2016 е отворен за возрасни и за деца што ќе се натпреваруваат во три категории и тоа: градинки, основни училишта и поединци и останати институции.

Како и секоја година, во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди. Првопласираниот добива награда од 30.000 денари, второпласираниот 20.000 денари, односно 10.000 за третото место.

„Погледнете каков амбалажен отпад ви е достапен дома или распрашајте се кај поблиското семејство што користи најмногу од амбалажен отпад и почнете внимателно и трпеливо да собирате материјал за вашите дела. Инспирацијата е секаде во опкружувањето. Ги повикувам сите што сакаат да учествуваат во овогодишниот Trash for art 2016 да ги пријават своите дела најдоцна до 20 декември во Конгресниот центар Александар Македонски (Универзална сала) во Скопје. Делата освен што ќе произлезат од страста и желбата да креирате нешто корисно од отпадот, дополнително и ќе пратите силна порака до останатите за состојбата со амбалажниот отпад во ова консумерски ориентирано општество“, изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Амбалажниот отпад е материјал што во себе носи бескрајна количина информации за нечии обичаи и однесување. Посегнувајќи по него, артистите го бришат тој идентитет и реупоребувајќи го, му даваат сосема нов живот.

„Сакавме да ги поттикнеме учесниците дека со волја, вештини и сосема малку или воопшто никакви вложени финансиски средства може да креираат нешто конкретно, функционално и убаво, а притоа да освојат вредни награди и да го добијат статусот на еколошки-ангажиран уметник“, додава Брдароски.

Повеќе информации за правилата и за критериумите на конкурсот на следниот линк: Trash for art 2016.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар