Почнува „Фчерашни новости“ – нова хумористична емисија

Под слоганот „Чекор зад сите“, во недела во 19:15 часот на телевизија „Телма“, веднаш по вестите, ќе се емитува првата епизода на „Фчерашни новости“. Се работи за нова хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.

fokus 1-2

„Сакаме да пополниме една дупка што во последно време ја констатираме не само ние туку и пошироката публика. На телевизиите недостига хумор, а особено сатира. Домашната продукција е многу слабо застапена. Изборот се турски серии и вести. Ние ќе понудиме нешто ново. Мислам дека емисијата ќе биде прифатена и од старо и од младо… што би рекле политичарите, ќе ја гледаат сите, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност“ – вели Огњановски.

Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, ќе се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот. „Фчерашни новости“ премиерно ќе се прикажува секоја недела на „Телма“, а  ќе се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици, како и на официјалниот „Јутјуб“ канал на емисијата.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар