Победниците од ликовниот конкурс на „Ладна“ ќе патуваат за Дизниленд во Париз

„Кога ги инспирирате дечињата да цртаат на одредена тема која нив лично ги засега, неминовно е да добиете огромен број на успешни цртежи од кои тешко ќе можете да се одвоите, а камо ли да го одберете ‘најубавиот’“, добивме искрена изјава од „Ладна“ по повод успешно завршениот конкурс на темата „Животните и водата“.

„Тргнавме од претпоставката дека децата ги сакаат животните и повеќето од нив имаат дури и свои лични миленичиња, имавме потреба да ги мотивираме да нацртаат нешто од нивното лично искуство и секојдневие, знаејќи дека само така ќе имаме огромен број на успешни цртежи.“

Победниците од ликовниот конкурс на „Ладна“ ќе патуваат за Дизниленд во Париз

Натпреварувањето беше поделено во две категории и тоа деца на возраст од 4 до 7 години и деца на возраст од 7 до 10 години. Стручното жири одбра три најубави цртежи во секоја категорија, за кои Ladna обезбеди супер награди и тоа две тридневни патувања во Дизниленд во Париз, два годишни курсеви за цртање и два таблети за цртање.

Годинава на конкурсот пристигнаа околу 1.500 детски цртежи кои на 10 јуни ќе бидат изложени во мултимедијалниот центар Мала Станица во рамки на голема изложба.

Повеќе информации за конкурсот и добитниците можете да прочитате на веб-страницата ladna.com.mk и на Facebook-страницата на Ладна: facebook.com/Ladna.mk.

Жири комисијата во категоријата на автори од 4 до 7 години ги награди следниве цртежи

Прва награда: Марта Трајаноска - 4 години, Прилеп

Прва награда: Марта Трајаноска – 4 години, Прилеп

Втора награда: Дамјан Стефанов - 4 години, Скопје

Втора награда: Дамјан Стефанов – 4 години, Скопје

Трета награда: Филип Поповски - 6 години, Делчево

Трета награда: Филип Поповски – 6 години, Делчево

Жири комисијата во категоријата на автори од 7 до 10 години ги награди следниве цртежи

Прва награда: Јана Илијевска - 9 години, Кочани

Прва награда: Јана Илијевска – 9 години, Кочани

Втора награда: Марко Кочков - 8 години, Скопје

Втора награда: Марко Кочков – 8 години, Скопје

Трета награда: Јован Мацанковски - 9 години, Битола

Трета награда: Јован Мацанковски – 9 години, Битола

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар