ПланУМ — Мојот личен план за развој во 12 месеци

ПланУМ — Мојот личен план за развој во 12 месеци

По примерот на светските интерактивни планери кои стануват сè поголем глобален хит, за прв пат во Македонија се појавува во продажба ПланУМ – прв интерактивен планер со иновативна содржина и оригинален дизајн. Уникатниот производ со 230 страници на кои се сместени дневни и месечни прегледи, вежби за самопроцена и креирање на лична визија, мотивирачки мисли, месечни предизвици и анализи, како и страници за канализирање на креативниот набој, се авторско дело на Александра Шаровиќ Атанасовска, а како издавач се јавува издавачката куќа Паблишер.

1-planum-mojot-lichen-plan-za-razvoj-vo-12-meseci-kafepauza.mk

Ваквите планери најчесто имаат цел да создадат навика за секојдневно организирано планирање и следење на тековните обврски.

Но ПланУМ претставува повеќе од едноставен планер на активности во текот на годината. ПланУМ е моќна интерактивна алатка за унапредување на личните потенцијали. Помага во кристализирање на посакуваните цели и во дефинирање на една детална мапа и конкретен план за нивна реализација.

За прв пат кај нас ПланУМ воведува еден уникатен и структуиран процес во 5 фази кој користи техники и вежби од коучинг-методологијата со фокус на решенија, а кој помага идеите и целите на корисникот да се претворат во реалност. Преку континуирано водење на планумот, овие техники успеваат кај корисникот да ослободат креативност, да поттикнат планирање, систематизираност и организираност, да иницираат одговорност и, најважно од сè – акција. Да го мотивират да преземе конкретни чекори кон она што на почеток на секој месец ќе го зацрта како своја цел.

2-planum-mojot-lichen-plan-za-razvoj-vo-12-meseci-kafepauza.mk

ПланУМ дејствува како личен тренер кој нè стимулира да се надоградуваме во позитивна, нагорна линија. Помага во зголемувањето на продуктивноста кај секој поединец од кој во текот на еден работен ден се очекува вешто балансирање меѓу активниот деловен и приватен живот.

Гледано од професионален аспект, ПланУМ претставува оптимално решение за успешно остварување на целите, манаџирање на работното време, приоретизирање на активностите, справување со стресот итн.

Токму поради ова, тој е иделен продукт кој ќе најде повеќе од практична примена во поголемите компании кои се во секојдневна потрага по начини за задоволување на потребата од личен и професионален развој на своите вработени. ПланУМ го нуди токму тоа. Практично „џебно“ решение кое суптилно ги ослободува капацитетите на секој поединец, кој ќе станува од ден во ден подобра верзија на самиот себеси.

3-planum-mojot-lichen-plan-za-razvoj-vo-12-meseci-kafepauza.mk

Освен како корисна алатка, со својот А5 формат, ПланУМ претставува практичен производ кој идеално се вклопува во сечија чанта или актовка, а со својот современ и инспиративен дизајн уште подобро му прилега на секој поединец кој води грижа за својот имиџ.

Планумот може да се купи по цена од 499 денари, во сите книжарници и продажни места на ТРИ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар