Пакомак го продолжува проектот „3Д Екобус“ со поддршка на УНДП и на Јапонската влада

Повеќекратните добитници на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во категоријата „Заштита на животната средина“ – Пакомак, во наредниот период продолжува со имплементација на наградениот проект „3Д Екобус“, овој пат во Куманово и во Гевгелија.

1-pakomak-go-prodolzhuva-proektot-3d-ekobus-so-poddrshka-na-undp-i-na-japonskata-vlada-kafepauza.mk

Проектот „3Д Екобус“ им нуди на учениците 40-минутна 3Д интерактивна обука со предавање, проекција на 3Д филм и интерактивна игра-тест со цел да се допре до свеста на младите за правилно селектирање на амбалажниот отпад и грижа за животната средина уште од најрана возраст. Досега со проектот се опфатени над 38.000 ученици и над 1330 наставници од Скопје, Штип, Прилеп, Крушево, Тетово, Струмица, Охрид, Кавадарци и Битола.

„Проектот ‘3Д Екобус’ доби Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во категоријата „Заштита на животната средина“ на изборот во 2015 година што само укажува на неговата корист во обезбедување на одржливи придобивки за општеството. Долнително е препознаен и од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и од Јапонската влада со чија поддршка продолжуваме заедно во имплементација на проектот во Куманово и во Гевгелија. Се надевам дека со нив уште посигурно ќе настапуваме во едуцирање и мотивирање на учениците да го направат првиот чекор кон позитивни промени“ – изјави Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

2-pakomak-go-prodolzhuva-proektot-3d-ekobus-so-poddrshka-na-undp-i-na-japonskata-vlada-kafepauza.mk

Со проектот „3Д Екобус“ учениците преку забава, добро обработен материјал примерен за возраста на децата, како и преку точни и потполни информации ќе формираат навики за секојдневно правилно однесување со амбалажниот отпад и заштитата на животната средина.

„Процесите на јакнење на капацитетите на општините треба да осигураат активно учество на сите граѓани во овие развојни процеси. Во таа насока учеството на младите е клучно за да се осигура напредок и развој како на локално така и на национално ниво. За да се овозможи одржлив развој во поглед на животната средина, потребен е ангажман на целото општество, на секој поединец и затоа сметаме дека е многу важно учениците да се едуцираат за проблемите и предизвиците на околината уште во текот на образовниот процес. Идентификувајќи ја потребата за креирање на одржливи решенија за почиста животна средина Програмата за развој на Обединетите Нации преку донација од Владата на Јапонија и во директна соработка со Пакомак и општините Куманово и Гевгелија, се вклучуваат кон овој општествено корисен проект со цел да им помогнеме на идните генерации да работат попосветено на заштита на животната средина“ – изјави  Дејан Докузовски, проект менаџер  во канцеларијата на УНДП.

3-pakomak-go-prodolzhuva-proektot-3d-ekobus-so-poddrshka-na-undp-i-na-japonskata-vlada-kafepauza.mk

Пакомак преку својата работа, постојано презема чекори за намалување на влијанието на амбалажниот отпад врз животната средина, поттикнувајќи ангажмани во областа на екологијата и промовирајќи превентивни активности за обезбедување на севкупни општествени придобивки, што ќе обезбедат одржливи вредности и резултати за целото општество во иднина.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар