Ново семејно пакување Битолско кисело млеко за целосно уживање

Добро познатиот, традиционален вкус на кравјото Битолско кисело млеко отсега е достапен и во големо, семејно пакување од 700 г во кантичка.

Битолското кисело млеко досега беше достапно во пакување од 180 и 400 г, а новата кантичка Бимилк ја лансира на барање на потрошувачите, со цел да ги задоволи потребите на целото семејство.

Киселото млеко изобилува со калциум и полезни бактерии што му даваат совршена хармонија на организмот. Истовремено ги зајакнува коските, го зајакнува имунитетот и помага во правилна функција на организмот, па затоа се препорачува во секојдневната исхрана.

Ново семејно пакување Битолско кисело млеко за целосно уживање

Меѓутоа, не се само здравствените придобивки она што го прават Битолското кисело млеко незаменлив сојузник на семејната трпеза. Неговиот богат, полн вкус дозволува комбинации со секаква храна, омилена за децата, но и за возрасните.

Всушност, една од главните состојки на традиционалната македонска трпеза е токму чинија кисело млеко. Ви приложуваме 3 идеи за вкусни традиционални, но и не толку традиционални оброци со кисело млеко.

1. Пита со кисело млеко

Покрај тоа што е одличен придружник буквално на сите печива и пити, киселото млеко може да биде и клучна состојка во подготовка на вкусна и лесна домашна пита.

Ново семејно пакување Битолско кисело млеко за целосно уживање

За оваа пита ќе ви бидат потребни:
  • 1 кг брашно
  • 1 квасец
  • 1 лажиче сол, прстофат шеќер и млака вода
  • 400 г кисело млеко
  • 3-4 јајца
Подготовка:

Замесете го брашното и оставете го да нарасне. Исукајте две кори, со тоа што едната да биде поголема од тавата во која ќе се пече. Намастете ја тавата и ставете ја поголемата кора. Врз тестото ставете ја мешавината од јајца и кисело млеко. Покријте со другата кора, а деловите што висат од долната завиткајте ги на крајчињата. Печете во загреана рерна околу 40-45 минути.

2. Полнети тиквички

Ново семејно пакување Битолско кисело млеко за целосно уживање

За ова традиционално јадење ќе ви бидат потребни:
  • 2 тиквички
  • 300 г мелено месо
  • 150 г ориз
  • 1 кромид
  • 1 супена лажица мешан зачин, сол, бибер
  • 4 јајца
  • 500 г кисело млеко
Подготовка:

Во загреано масло се запржува кромидот, па се додава месото, а откако ќе се запржи, се додава и оризот и се зачинува. Тиквичките се лупат и се длабат, па се полнат со меленото месо. Се ставаат во земјена тава и се попрскуваат со масло, а тавата се полни со вода, доволно колку да ги покрие. Се пече подолго, во загреана рерна, со цел убаво да се загрее тавата, а откако тиквичката ќе биде варена, се прелева со матени јајца со кисело млеко и се допекува уште малку за да фати кора. На ова јадење може да се додаде и јаболков оцет.

3. Малку поинаков таратур

Кој не сака таратур во комбинација со кое било јадење? Меѓутоа, со Битолското кисело млеко можете да направите и малку поинаков рецепт.

Ново семејно пакување Битолско кисело млеко за целосно уживање

За него ќе ви бидат потребни:
  • 1 кг кисело млеко
  • 350 г кисели краставички
  • 1-2 чесни лук
  • 50 г ореви
  • ½ китка копар
  • сол, масло
Подготовка:

Киселите краставички и лукот ситно се сечкаат, а оревите се мелат, но не премногу ситно. Се зачинува со ситно сечкан копар, сол и масло (може и маслиново), па сè се меша до соединување. Пред послужување треба добро да се излади.

Препуштете се на креативност во кујната, бидејќи полната структура на Битолското кисело млеко ви овозможува неограничен број можности. Тоа е одличен додаток и за сармички, спанаќ, полнети пиперки, мусака, печено месо, компири и безброј други јадења, но може да се додаде и на овошни или зеленчукови салати како прелив. Изборот е ваш, но за каква било комбинација и да се одлучите, ние ви ветуваме богат, незаменлив вкус што нема да ве остави рамнодушни.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар