Нова, фотогенична клупа на плоштад Македонија

Нова, фотогенична клупа на плоштад Македонија

Плоштад Македонија денес е побогат за нова, модерна, ексцентрична, но многу фотогенична клупа, наменета за млади и за оние што се чувствуваат млади.

(2) nova-fotogenichna-klupa-na-ploshtad-makedonija-www.kafepauza.mk

Дружењето, но и фотографирањето од денес добиваат нова димензија, бидејќи градските власти очигледно работеле на разубавување на јавните површини и на унапредување на изгледот на централното градско подрачје со поставување реквизити за што повпечатливо и пофотогенично опкружување.

Голем број млади луѓе циркулираат во овој дел од градот, особено за викендите, а оваа клупа ќе биде идеално место за „селфиња“ или дружба со пријателите, како и лесен ориентир за средби што ќе се закажуваат кај „магента клупата“.

Не се работи за класична клупа, туку за модерна, визуелно атрактивна и впечатлива клупа, со наслон заштитен со запечен магента прав кој штити од оштетување и од временски неприлики.

(1) nova-fotogenichna-klupa-na-ploshtad-makedonija-www.kafepauza.mk

Оваа единствена клупа има навистина несекојдневен изглед со што се исполнува желбата на младите луѓе активно да учествуваат во креирањето и уредувањето на градот, за и ним да им биде забавен, прифатлив и возбудлив.

Магента клупата е една од реквизитите што преку апликацијата Lenz овозможува прегледување на нови, ексклузивни содржини за виртуелниот бенд Gorillaz.

Оваа иновативна AR (Augmented Reality) апликација им овозможува на корисниците да искусат една сосема нова димензија, a може да се симне бесплатно преку Google Play и App Store.

Апликацијата ја преобразува која било магента површина во виртуелен портал преку кој може да се ужива во музиката, интервјуата, концертите и многу други содржините на Gorillaz, сега со двојно повеќе интернет вклучен во Cool тарифата за млади во Smart постпејд и во Magenta 1.

Повеќе за оваа иницијатива на следниот линк.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар