NewМan’s Business Accelerator - Домаќин на Pioneers of the Balkans во Македонија

NewМan’s Business Accelerator – Домаќин на Pioneers of the Balkans во Македонија

NewMan’s Business Accelerator на 18-ти август 2015 (вторник) ќе биде домаќин на Pioneers of the Balkans – уникатна Start-Up програма организирана од страна на Pioneers во име на Светска Банка. Во новите простории на NewMan’s Business Accelerator со почеток во 19:00 часот ќе биде организирана средба со локалната стартап заедница со цел промоција на програмата, идентификување и поддршка на најдобрите старт-ап тимови од земјата.

newmans-business-accelerator-domakjin-na-pioneers-of-the-balkans-vo-makedonija-kafepauza.mk

На средбата организирана во ЊуМенс Бизнис Акцелераторот ексклузивно ќе присуствува извршниот менаџер на Pioneers од Австрија Marius Starcke, како и проектниот менаџер на програмата Јанко Милуновиќ. Pioneers of the Balkans е инвестициска програма поддржана од Светска Банка со цел да ги раздвижи активностите на регионалната стартап сцена и да им помогне на идните претприемачи од балканскиот регион да ја однесат нивната идеја на наредното ниво преку:

  • Бесплатно знаење, алатки и вештини
  • Бесплатен влез (1 ден) на Belgrade Venture Forum во ноември 2015
  • Директни контакти со повеќе од 100 интернационални инвеститори
  • Можност 50те финалисти да се натпреваруваат за 200.000 евра инвестиција
  • Специјална можност за Pre-Silicon Valley валидација од страна на NewMan’s Business Accelerator за 50-те финалисти

Програмата е наменета за сите иновативни старт-апи, outsourcing компании со сопствени иновативни производи или студенти со наредни идеи. Она што ни е потребно е претприемачки дух, ентузијазам и се разбира – одлична бизнис која има шанса да го освои светот. ЊуМенс Бизнис Акцелераторот ќе земе значајна улога во овој настан преку вклучување на свои ментори при подготовката на избраните стартапи за полуфиналето и финалето на програмата.

Апликациите траат најдоцна до 31.08.2015 на pioneersofthebalkans.io. Сите што се заинтересирани а имаат дополнителни прашања или им е потребна помош околу апликацијата можат да го контактираат тимот на NewMan’s Business Accelerator-от или да дојдат на разговор на Женевска 17б, Тафталиџе, Скопје. Телефони за контакт: 072 252 245 или 072 220 484.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар