Неодоливо слатко задоволство - мафини со вкус на вишна или чоколадо?!

Неодоливо слатко задоволство – мафини со вкус на вишна или чоколадо?!

Дали ви се случило да вкусите најсладок, мекан чоколаден мафин и да се запрашете: „Добро, кој го произвел ова?!“ Ви проаѓа мисла: „Не е важно, рацете да му се позлатат“.

2-neodolivo-slatko-zadovolstvo-mafini-so-vkus-na-vishna-ili-chokolado-kafepauza.mk

Како настанале? Некои митови наведуваат дека готвач случајно додал растопено чоколадо во бисквити, други дека правел торта, но немал доволно брашно. Трети, пак, велат дека домаќинка заборавила да додаде прашок за пециво во нејзината чоколадна торта!

Но, приказната дефинитивно започнува со чоколадо.

Слаткар од Бостон за прв пат ги претставил првите чоколадни мафини за време на Колумбијската изложба, одржана во Чикаго во 1893 година. Имено, приказната оди вака. Госпоѓа Берта Потер Палмер дама од богатите американски општествени слоеви побарала од кулинарскиот бостонски шеф на елитниот Палмер Хотел Хаус да подготви десерт, уредно и модерно спакуван во кутија, кој ќе им се послужи како ужина со кафе на дамите кои ќе присуствуваат на изложбата. Резултатот бил супер богат мафин полн со чоколадо.

Овој рецепт сѐ уште е тајна на куќата и останува на менито на ресторанот до денес, но името на креативниот слаткар, за жал, се губи низ историјата. Она што е сигурно е дека првите чоколадни мафини имале чоколадо во изболиство, путер, шеќер, брашно и јајца. Интересно, тие биле декорирани со ореви и прелиени со мармалад од кајсија. Така блескаво слатки се служат и денес во Хотел Палмер Хаус, кој сега е дел од ланецот Хилтон Хотели во Чикаго.

1-neodolivo-slatko-zadovolstvo-mafini-so-vkus-na-vishna-ili-chokolado-kafepauza.mk

Денес овој американски десерт е популарен насекаде во светот, а сладокусците го јадат најчесто за појадок со млеко или за ужина со кафе, или кога било во денот, бидејќи се навистина вкусни.

Постојат небројни рецепти и варијации на чоколадниот мафин, но нам омилени ни се Брауни на македонскиот бренд Винчини, произведени од компанијата Макпрогрес од Виница. Не е важно каков избор ќе направите, чоколадни мафини со какао прелив или вишна, насмевка на лицето ќе ви се разлее по првиот залак. На здравје насладување!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар