Насмевки, танцување и многу прегратки на новогодишниот магичен концерт во Веро центар

Насмевки, танцување и многу прегратки на новогодишниот магичен концерт во Веро центар

Позитивен новогодишен дух, насмевки на лицата на посетителите, многу прегратки и танцување, беше атмосферата која можеше да се забележи во саботата во Веро центар додека траеше новогодишниот концерт. Детски хор во кој членовите беа облечени како ангелчиња, придружувани од нивни повозрасни другарчиња и музичари, ги воодушевија присутните посетители на Веро центар со изведбите на најпопуларните новогодишни композиции.

nasmevki-tancuvanje-i-mnogu-pregratki-na-novogodishniot-magichen-koncert-vo-vero-centar

Околу два часа низ преполниот Веро центар одекнуваше пријатна музика која дополнително го подигна празничното расположение. Популарните „We wish you a Marry Christmas“, „Jingle bells“, „Feliz navidad“, „Last Christmas“ беа мал дел од композициите кои беа на репертоарот. Музичарите и нивните прекрасни изведби измамија насмевки кај присутните, а многумина и танцуваа за време на концертот. Новогодишната музичка магија беше подарок од менаџментот на компанијата „Веропулос“ за лојалните потрошувачи со цел да се заокружи празничниот амбиент во Веро центар во кој посетителите уживаа цел месец.

Организирањето различни настани за целото семејство во Веро Центар во празничниот период изминативе години прерасна во традиција со која менаџментот на компанијата „Веропулос“ им овозможува на посетителите покрај квалитетното шопинг искуство, да поминат и забавно време со најблиските.

Погледнете ја атмосферата на магичниот новогодишниот концерт во Веро центар…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар