Наскоро доаѓа првиот паметен асистент за резервации на автобуски билети

Дали имате проблеми со наоѓање на соодветни автобуски релации за вашите патувања? Многумина од нас губат многу време во пребарување и купување на автобуски карти за одредени дестинации. Наскоро на македонската стартап сцена ќе се појави стартап кој ќе го реши токму овој проблем.

1-naskoro-doagja-prviot-pameten-asistent-za-rezervacii-na-avtobuski-bileti-kafepauza.mk

Се работи за bus.mk, паметна платформа преку која лесно и едноставно ќе можете да ја најдете најсоодветната релација за вас и истата да ја резервирате. Сето ова ќе го правите со помош на вашиот личен интелигентен асистент за патување, чие име е Ејми.

Ејми ќе може за многу кратко време да прави резервации за вас и со тоа да ви ги олесни секојдневните проблеми и губењето време на пребарување. Ејми исто така патува на повеќе локации и ви дава препораки од прва рака за местата што треба да ги посетите, каква храна да пробате и слично, кога сте на одредено патување. Досега, Ејми патувала во Истанбул, Виена и Берлин, па на веб страната можете да ги најдете нејзините приказни.

Print

На веб сајтот на bus.mk исто така можете и да се зачлените за најновите информации и први да дознавате за ексклузивните објави на платформата. Фејсбук страницата на платформата можете да ја најдете тука, а преку нивната веб страна можете да ги следите и на останатите социјални медиуми.

Bus.mk за прв пат беше најавен во рамки на Техноинвент 2016 минатата сабота, а стартапот е дел од Codequbate.ME програмата на Стартап Зона.


За авторот
Читај на раат!

Остави коментар