Наше Такси во тек со новите технолошки трендови

Наше Такси во тек со новите технолошки трендови

Брзате на работа, на училиште, факултет или пак едноставно ви треба такси за да одите на кафе со пријателите? Со апликацијата МОЕТО ТАКСИ брзо и едноставно може да повикате НАШЕ ТАКСИ во секое време.

Со новата апликација МОЕТО ТАКСИ, повикувањето такси е полесно од кога било. Брзо и едноставно од својот смарт телефон патникот повикува такси возило, го следи додека не пристигне до бараното место, а во исто време може и директно да комуницира со такси возачот.

1-nashe-taksi-vo-tek-so-novite-tehnoloshki-trendovi-kafepauza.mk

„На почетокот бев скептичен за новиов начин на повикување такси, сè додека не видов колку е едноставна апликацијата. Сега со помош на апликацијата сум во директна комуникација со патникот и секогаш доаѓам на точната локација“ – такси возач на Наше Такси.

„Си повикувам такси преку апликацијата, го следам неговото приближување и знам кога да се симнам пред зграда за да се качам во такси. Ако на возачот му е тешко да ме најде, лесно се разбираме преку директната комуникација“ – Александар, патник на Наше Такси.

Донка Лазаревска од компанијата Наше Такси тврди дека со новата апликација значително се олеснила комуникацијата со патникот. Бенефитот е видлив при секој повик, не се губи време, нема забуни околу местото за качување на патникот, а во исто време може да се оствари директна комуникација патник со возач, нешто кое досега не било возможно.

Бидете и вие дел од патниците кои го уживате овој бенефит. Сè што треба да направите за да ја преземете апликацијата Моето Такси на вашиот андроид телефон, е да го скенирате овој QR код:

2-nashe-taksi-vo-tek-so-novite-tehnoloshki-trendovi-kafepauza.mk

или да ја преземете од Google Play.

Дознајте повеќе за апликацијата: https://www.facebook.com/MoetoTaksi

Пријатно возење!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар