Најубавите македонски песни, поддржани од врвните мајстори на старите инструменти на новиот албум на групата Дрим Тим

Да се патува низ светот, и притоа да се промовира македонска народна музика, нејзините автентични звуци и самата историја на македонскиот народ раскажана преку песната е предизвик за секој музичар. Водени токму од желбата да се создаде музички проект што ќе остане со генерации, популарната македонска група „Дрим Тим“ привршува проект во кој се препеани најпознатите македонски народни песни од неколку од најдобрите македонски музички уметници, а ќе има и авторски песни од самите членови на групата.

1-najubavite-makedonski-pesni-poddrzhani-od-vrvnite-majstori-na-starite-instrumenti-na-noviot-album-na-grupata-drim-tim-kafepauza.mk

Влатко Лозановски, Миле Кузмановски се само дел од гостите на овој албум, а љубителите на добриот звук ќе имаат можност по самата промоција која се планира почеток на декември, да дојдат до овој антологиски музички албум, кој ќе има ДВД и ЦД издание, и да уживаат. Сите песни се снимени во живо, ќе имаат нов помодерен звук и аранжман, а изведени се од врвни мајстори на народните инструменти. Албумот ќе претставува вистински музички раритет, а потврда за тоа е досегашната популарност на Јутјуб на дел од песните.

2-najubavite-makedonski-pesni-poddrzhani-od-vrvnite-majstori-na-starite-instrumenti-na-noviot-album-na-grupata-drim-tim-kafepauza.mk

Песната „Ти само ти“ на Дрим Тим деновиве ја заокружи бројката од над 400.000 прегледи на интернет. Марјан Коцев еден од двајцата вокали на групата и Александар Ангелов кларинетист велат дека, не ги изненадува бројката. Оваа песна е вистински хит. Луѓето на секоја веселба, бараат да им ја свириме. Затоа е и доста присутна на семејните прослави, отвораат Јутјуб и се веселат заедно со нас. Со нашата музика топлиме многу срца и многу ни е мерак што Македонците каде и да се, знаат да препознаат добра музика. Исто така меѓу најслушаните на интернет се и неколку други песни на Дрим Тим, како што е и Розо моја со над 250.000 прегледи на Јутјуб.

3-najubavite-makedonski-pesni-poddrzhani-od-vrvnite-majstori-na-starite-instrumenti-na-noviot-album-na-grupata-drim-tim-kafepauza.mk

Дрим Тим пред три години издаде ДВД со избрани вкупно 22 македонски песни, мелодии, меѓу кои „Жал за Деспина“ и „Лична Јовано“ на Наум Петрески „Љубовен танц“ на Марјан Коцев, „Проклет да биде“ на Благица Калева, „Пеј животе“ на Сузана Гавазова. Во групата членуваат Сашко Велков (хармоника), Коки Коцев (труба), Александар Ангелов (кларинет) Ангел Ќосев и Драги Станков (клавијатури), Марјан Коцев и Дејан Николов-Чуле (вокали) и Гоце Илиовски (тапани), сите имаат завршено музичка академија во Скопје.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар