Наградна игра на Стопанска банка: „Плаќај со VISA и отпатувај во Бразил“

Наградна игра на Стопанска банка: „Плаќај со VISA и отпатувај во Бразил“

Бидете дел од најголемиот светски настан оваа година – Светското првенство во фудбал FIFA World Cup 2104 во Бразил благодарение на VISA, официјален партнер на FIFA!

Stopanska banka slika

Во периодот од 02.05 – 15.05.2014 година користете ги VISA кредитните картички од Стопанска банка АД – Скопје и станете потенцијален добитник на патување во Бразил за 2 лица и посета на натпревар од Светското првенство во фудбал.

Сѐ што е потребно за стекнување право на учество во наградната игра е трансакција над 300 денари во трговската мрежа или e-commerce (електронска трговија) со VISA кредитна картичка од Стопанска банка.

Не пропуштајте ја оваа шанса да станете добитник на вредната награда. Со секоја дополнителна трансакција ги зголемувате шансите за добивка. Во наградната игра ќе биде доделена следната награда: Патување за две лица во Бразил на Светското првенство во фудбал 2014 во периодот од 14 до 17 јуни вклучувајќи и влезници за натпреварот во рамки на Светското првенство помеѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Аргентина.

Наградата патување за 2 лица во Бразил се состои од:
  • 4-дневна програма за 2 лица со 3 ноќевања
  • Повратни авионски билети од Скопје до Рио де Жанеиро, Бразил
  • Услуга за пречек на аеродром во Рио де Жанеиро
  • Групни активности – тура на денот на пристигнување и заминување
  • Дневен доручек за 2 лица
  • Вечера на денот кога не се оди на фудбалски натпревар
  • Две (2) влезници Категорија 2 за натпревар на FIFA Светскиот куп
  • Хотелско сместување за 2 лица во хотел со 4 ѕвездички
  • Транспорт согласно распоредот на активностите
  • Комплет FIFA брендирани подароци
  • Тим за поддршка од страна на VISA
  • Една (1) VISA prepaid картичка со 300$

Извлекувањето ќе се одржи на 16.05.2014, додека добитникот ќе биде објавен најдоцна 3 работни дена по извлекувањето.

Исправноста на патните исправи како и добивањето на соодветните визи за реализација на патувањето се во целосна одговорност на добитникот на наградата.

Правилата за наградната игра се во целост достапни на www.stb.com.mk.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар