На Пикбокс премиерно доаѓа Бул, серија инспирирана од д-р Фил

На Пикбокс премиерно доаѓа Бул, серија инспирирана од д-р Фил

Сите оние што барем еднаш во животот фрлиле око на популарното „Шоу на Опра“ кое ги обработуваше сите возможни и невозможни проблеми на денешницата, слушнале за д-р Фил. Тип со мустачиња, остроумен, со паметни совети и со стратегија за решавање на проблемите – сигурно го знаете.

ЦБС сними серија за него, и тоа за кариерата пред онаа кога стана ѕвезда на „ток-шоу“, а таа серија токму сега доаѓа на Пикбокс. „’Бул’ можете ексклузивно да ја следите од 21.9., само по 24 часа од премиерното прикажување за американската публика, а во главната улога не е никој друг туку ѕвездата на ‘Нејви-ЦИС’“, Мајкл Ветерли.

1-na-pikboks-premierno-doagja-bul-serija-inspirirana-od-d-r-fil-kafepauza.mk

Кариерата на д-р Фил пред „Шоуто на Опра“

Мајкл Ветерли повеќе не е агентот Тони Динозо од серијата „Нејви-ЦИС“, туку се зафати за сосема различна улога – онаа во која игра познато ТВ лице, д-р Фил Мекгроу, кој прерасна во одличен познавач на човековиот ум во „Шоуто на Опра“. Пред Опра да го прослави Фил глобално, и тоа зашто ѝ донесе победа во некоја адвокатска сапуница, овој психолог имаше интересна кариера која стигнува во областите на консалтинг и адвокатски услуги.

Ветерли во серијата „Бул“ го игра Џејсон Бул, човек што е сопственик на една компанија која развива стратегија за одбрана на клиентите на начин што длабински ја анализира поротата.

Вистинскиот д-р Фил е чесен човек, фиктивниот – малку надвор од законот

Со брутална искреност, д-р Фил е вистински магнет за жените, поседува интелигенција што разоружува, шарм и дрскост, а ги чита луѓето како отворена книга. Мајсторски ги комбинира психологијата, интуицијата и современата психологија за да проникне во мозоците на сите оние што се наоѓаат во судницата: поротниците, адвокатите, сведоците, обвинетите…

Мекгроу, којшто е и извршен продуцент на серијата, изјави дека Ветерли ѝ носи многу хумор на улогата, но дека оваа серија не е биографска, туку е инспирирана од неговиот лик. Така, д-р Фил ни порачува дека оние три закони што Џејсон Бул успева да ги прекрши веќе во првите минути на епизодата, тој никогаш не ги кршел во својата долга и интересна кариера.

BULL

Не е на Тим, туку тим на Фил

Фил има свој супер тим кој експресно ги решава сите проблеми до последен детаљ, а актерите што играат рамо до рамо со Ветерли се: Фреди Родригез, Џенива Кар, Џејми Ли Киршнер, Анабел Атанасио и Крис Џексон.

Сценариото за оваа долго очекувана серија, чии нови епизоди ќе можете да ги следите секоја недела на Пикбокс, го напиша токму д-р Фил, а му се приклучија Пол Атанасио, човекот што го напиша сценариото за „Дони Браско“, како и Родриго Гарсија, кој ја режираше серијата.

Гледајте ги на Pickbox и во склоп на Pickbox во видеотеката на Max tv


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар