На крилјата на убавината: Avon за 8 март ги изненадува жените со маскарата Ultra Volume за раскошни трепки

Датум: 08 Mar 2018
Тагови:

Заводливиот женски поглед е неизбежно поврзан со раскошните трепки, а козметичката компанија AVON тргнувајќи од таа почетна точка ја креираше маскарата Ultra Volume која придонесува за згуснување и за поголем волумен на трепките. Иновативниот производ веќе е достапен во Македонија како изненадување за сите дами за Интернационалниот ден на жената, 8 март.

(1) na-kriljata-na-ubavinata-avon-za-8-mart-gi-iznenaduva-zhenite-so-maskarata-ultra-volume-za-raskoshni-trepki-www.kafepauza.mk

Маскарата е дел од линијата Avon True и станува збор за револуционерен производ за чии предности зборува и фактот дека во истражување спроведено од компанијата дури 85 отсто од жените потврдиле дека им дава на трепките раскошен волумен.

Avon True Ultra Volume е водоотпорна, не се размачкува и не се рони. Од AVON велат дека е совршен избор за секој ден, за вечерно излегување, за лежерни активности, тренинг па дури и за пливање во базен.

Дополнително содржи Smartfibre комплекс со три придобивки. Првично, четкичката со посебни влакна придонесува за ултра волумен со тоа што поминува низ секоја трепка зголемувајќи го волуменот и должината.

(4) na-kriljata-na-ubavinata-avon-za-8-mart-gi-iznenaduva-zhenite-so-maskarata-ultra-volume-za-raskoshni-trepki-www.kafepauza.mk

Втората придобивка е мултипликацијата односно формулата што ги пополнува празнините и создава впечаток на повеќе трепки. Дополнително, четкичката во форма на бадем ги подигнува трепките од коренот зголемувајќи ја густината за 100 отсто.

За дополнителна промоција и можност да се проба овој фантастичен новитет, AVON во кампања 4 ја лансираше и специјалната пролетна програма наречена „На крилјата на убавината”, која нуди дополнителна вредност при шопингот и за крајните корисници, и за претставниците. Пеперутката е симболот на оваа програма, а собраните пеперутки при купувањето значи можност за нивно заменување за специјални производи по симболична цена од само 19 денари. Повеќе информации за механизмот на програмата е достапен на следниот линк.

(2) na-kriljata-na-ubavinata-avon-za-8-mart-gi-iznenaduva-zhenite-so-maskarata-ultra-volume-za-raskoshni-trepki-www.kafepauza.mk

Компанијата Avon е позната по своите исклучително квалитетни маскари меѓу кои и бестселерите SuperSHOCK и Wide Awake од линијата AVON True. Ultra Volume е последната иновација на козметичкиот гигант со која на жените им се нуди нов, усовршен и надграден производ кој ќе ги задоволи нивните потреби и желби.

За AVON

AVON е компанија која веќе 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сѐ – за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon True, mark, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот. Информирајте се повеќе за AVON и неговите производи на официјалниот веб-сајт.

Како да ја набавите

Новата маскара Avon True Ultra Volume од AVON e достапна за продажба преку Претставниците на Avon. Повеќе информации за производот може да се добијат тука.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар