На базар во училиштето „Нова“ ќе се собираат средства за Домот за деца без родители „11 октомври“

Хуманитарен семеен базар ќе се одржи оваа сабота (22 април) од 11 до 15 часот во меѓународното училиште „Нова“ во Скопје, а средствата кои ќе бидат собрани на настанот ќе бидат наменети за Домот за деца без родители „11 октомври“. Влезот е слободен, а посетителите ќе може да уживаат во саем на книга, штандови со ракотворби од цела Македонија, катче со меѓународна храна, настапи на учениците на „Нова“, спорт и игри како и детско катче за најмладите учесници на базарот.

0-na-bazar-vo-uchilishteto-nova-kje-se-sobiraat-sredstva-za-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-kafepauza.mk

Организатор на настанот е Здружението на родители и наставници при меѓународното училиште со чии членови поразговаравме пред 11. издание на семејниот базар оваа сабота.

Семејниот базар годинава се одржува по 11 пат. Како растеше и се менуваше овој настан низ годините? Како почнавте, каде сте сега и колку сте задоволни од тоа како оваа манифестација се развиваше?

Во просториите на меѓународното училиште „Нова“ оваа сабота (22 април) во 11 часот ќе се одржи хуманитарниот семеен базар. Иницијатор на настанот е асоцијацијата на професори и родители на училиштето „Нова“ и започнува од 2007 година што значи дека ова е 11. година како се одржува овој настан. Првите неколку години беше именуван „Празничен базар“ и се одржуваше во декември, но со тек на времето поради хуманитарната природа на настанот еволуираше во семеен базар со термин во април.

Семејниот базар е дел од основната определба на меѓународното училиште „Нова“ да обезбеди квалитетно образование, но во исто време и да изгради личности со високи човечки вредности како што се хуманост, сочувство, љубезност и дарежливост.

1-na-bazar-vo-uchilishteto-nova-kje-se-sobiraat-sredstva-za-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-kafepauza.mk2-na-bazar-vo-uchilishteto-nova-kje-se-sobiraat-sredstva-za-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-kafepauza.mk

Секоја година базарот има и хуманитарна димензија и дел од собраните средства се донираат на одредена институција. Зошто одлучивте годинава тоа да биде домот „11 октомври“?

Како и секоја година така и оваа во духот на почитта и негување на човечките вредности базарот е со хуманитарен карактер. Дел од средствата собрани од овој настан ќе се донираат на Домот за деца без родители „11 октомври“, а дел ќе се искористат за подршка на иницијативата на „Нова“ за обезбедување на чист воздух.

Сепак, материјалната помош не е единствената цел на овој настан туку и моментот на подигнување на свеста на целата заедница за потребата да си помогнеме едни на други. Инаку би сакале да го нагласиме и социјалниот момент на настанот, станува збор за ден на голема разноликост, деца и ученици од различни земји, култури, религии, раси, социјални статуси сплотени во детски игри и многубројни активности насмеани и весели. Ќе се согласите со нас дека нема ништо повредно од насмевката на детското лице. Затоа мотото на овогодишниот семеен базар е „Од децата за децата“.

3-na-bazar-vo-uchilishteto-nova-kje-se-sobiraat-sredstva-za-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-kafepauza.mk

Настанот е со отворен карактер, но имате ли информација за тоа колку посетители отприлика доаѓаат на базарот? Дали генерално сте задоволни од посетеноста?

Вообичаено „Семејниот базар“ го посетуваат околу 2.000 посетители во период од околу четири часа. Ова е настан од отворен карактер и ги покануваме сите заинтересирани граѓани да присуствуваат и да се забавуваат.

4-na-bazar-vo-uchilishteto-nova-kje-se-sobiraat-sredstva-za-domot-za-deca-bez-roditeli-11-oktomvri-kafepauza.mk

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар