Македонски кроасани освојуваат девет странски пазари

Следејќи ја идејата да создадат производ кој ќе го има вкусот и мирисот како да е подготвен дома, македонската фабрика „Жито пром“ ги направи кроасаните 4U кои веќе освоија и девет странските пазари. Тие може да се најдат во Грција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Италија, а достапни се и за домашните консументи низ поголемите маркети во државата.

1-makedonski-kroasani-osvojuvaat-devet-stranski-pazari-kafepauza.mk

Приказната зад фабриката почна пред 19 години во Гевгелија како семеен бизнис, карактеристика што брендот ја поседува и денес. „Жито пром“ сега произведува и брашно, а кроасаните им се главен адут за извоз. Кроасаните се произведуваат во неколку различни вкусови – какао, ванила, јагода и кајсија, но во план е палетата во иднина да се шири.

Тие имаат ХАСАП сертификат доделен од една од водечките институции во секторот на безбедност на храната, TUV Austria. Тајната е во италијанската рецептура што се базира на користење на природен квасец наместо комерцијален, купечки.

2-makedonski-kroasani-osvojuvaat-devet-stranski-pazari-kafepauza.mk 3-makedonski-kroasani-osvojuvaat-devet-stranski-pazari-kafepauza.mk 4-makedonski-kroasani-osvojuvaat-devet-stranski-pazari-kafepauza.mk

„Природниот квасец вклучува уникатен процес на бавна ферментација односно растење на тестото, за на крај да се добие свеж, мек и вкусен кроасан без користење на дополнителни хемиски адитиви. Човечки фактор е всушност најважен во целата подготовка што му дава еден уште поголем шарм и вкус на парчето кроасан. Како кога дома, мајките или бабите ќе ни подготвеа на традиционален начин кифлички, не можеш да не ги сакаш“ – вели Татјана Танева дел од менаџерскиот тим на „Жито пром“.

Компанијата годинава се јавува и како генерален спонзор на еден од најстарите детски фестивали во државата „Златно славејче“ кој ќе се одржува на 17, 18 и 19 ноември.

„Станува збор за еден од најстарите манифестации во земјава која има посебно место во подигањето на македонската музика поради што сакавме да го поддржиме. ‘Златно славејче’ е бренд чија што мисија и приказна кореспондира со онаа на нашата компанија, а под тоа подразбирам приказна на трудољубивост, на работа и на квалитет“ – додава Танева.

5-makedonski-kroasani-osvojuvaat-devet-stranski-pazari-kafepauza.mk 6-makedonski-kroasani-osvojuvaat-devet-stranski-pazari-kafepauza.mk

„Жито пром“ е сместена во близина на Гевгелија и во моментов брои 40 вработени. Долгорочниот план на менаџерскиот тим е насочен кон освојување на странските пазари како и на зацврстување на позицијата на домашниот пазар.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар