Македонки танцуваат во ритамот на Куба

Македонки танцуваат во ритамот на Куба

Станува збор за Регетон Реинас при танцовиот клуб „Сонриса“ кои повторно изненадија со нова динамична кореографија. Овие осум девојки преку ритамот на регетонот успеваат да ја доближат кубанската култура до македонскиот народ и да го запознаат со некои од многуте танцови уживања кои ги нуди таа. Кореографијата е дело на талентираната Нина Лековска која уште еднаш докажа дека кога танцувате само небото е граница.

Македонки танцуваат во ритамот на Куба

„Ритамот ве носи, телото ве движи, душата ви ужива како и сите останати што ве гледаат и ја чувствуваат позитивната енергија која само танцот може да ја извлече од вас!“, вели Нина.

Видеото е снимено во вила Веранда во соработка со Moments Production и Skycopter Solutions.

Македонки танцуваат во ритамот на Куба

Погледнете го танцот на Регетон Реинас, кои веднаш ќе ве натераат да станете и да заиграте во ритамот на Куба!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар