Лојалноста инспирира радост во Нептун

Лојалноста инспирира радост во Нептун

Програмата за лојалност „Нептун haPPy“ овој месец го прославува својот прв роденден. За таа цел Нептун подготви голем број изненадувања, промоции и подароци за своите лојални „haPPy“ корисници.

Како дел од роденденските изненадувања, промотивно до 12 јули Нептун нуди специјална можност за аплицирање за „haPPy“ кредит без апликативни трошоци. Сè што треба да се направи е да се посети најблиската продавница на Нептун, да се одбере саканиот продукт и да се аплицира за кредит, по што се добива инстантно одобрување и продуктот може да се подигне за само неколку минути.

lojalnosta-inspirira-radost-vo-neptun-kafepauza.mk

Членовите на програмата за лојалност „Нептун haPPy“ добија низа поволности и бенефиции како: големи промоции и попусти, наградни поени, бесплатна достава, поддршка, монтажа, а од оваа година и осигурување на продуктите од сите ризици до 3 години и можност за купување на рати со „haPPy“ кредит директно во продавниците на Нептун, преку брза и едноставна процедура, за само неколку минути.

Станете дел од големото „haPPy“ семејството на Нептун и уживајте во бенефициите.

***

Нептун Македонија ДОО Скопје е основана во 1998 година и е дел од групацијата Нептун Интернешнал. Нептун е малопродажна мрежа со широк асортиман на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, фото апарати и камери, лична нега и убавина, ладење, греење и комуникации. Во моментов, мрежата на Нептун опфаќа 19 продавници во 17 градови во Македонија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар