Конечно BODYTEC и во Македонија!

Само со 20 минути неделен тренинг до поздраво и поцврсто тело

Концептот Bodytec е базиран на едноставен персонален фитнес тренинг со помош на електро-мускулна стимулација (ЕМС). Bodytec е водечко светско ЕМС решение и пионер на ЕМС технологијата во Македонија.

konechno-bodytec-i-vo-makedonija-kafepauza.mk

Bodytec претставува совршена фитнес солуција и сеопфатен тренинг за секого: овозможува брзи, ефективни и видливи резултати, со намалување на вишокот маснотии и телесна тежина. Мускулите на телото постепено се дефинираат, а физичката сила се зголемува. Овој вид на високо ефективен тренинг веќе повеќе години го користат огромен број на професионални спортисти, како и центри за рехабилитација ширум светот.

Истражувањата покажуваат дека ЕМС тренингот е далеку поефективен од конвенционалните фитнес тренинзи. Само 20 минути неделно се потребни за поздраво и посилно тело.

Главни предности на Bodytec тренингот се:

  • Модерно студио со индивидуален пристап и стручен надзор при тренингот
  • Висока технологија и најсовремена опрема
  • Тренинг само во однапред закажан термин – нема чекање!
  • Максимум до два клиента во една тренинг сесија
  • 20 минутен тренинг, еднаш неделно

Конечно бенефитите од ЕМС тренингот ќе може да ги почувствуваат и нашите граѓани. Првиот Bodytec центар во Македонија се наоѓа на ул. Димче Мирчев бр.20 ло.6, Скопје.

Промотивно, во првата недела од отворањето на Bodytec – секој гостин што ќе резервира термин, добива еден бесплатен тренинг.

Повеќе информации и резервации може да се обезбедат на телефонскиот број: 077 833 332, на е-mail: info@bodytec.mk, на Facebook: https://www.facebook.com/bodytec.mk или преку официјалната веб-страна: http://www.bodytec.mk

Bodytec – бидете дел од новата фитнес генерација!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар