Компанијата „Унавита“ со македонски капитал создаде производ за борба со ракот

Компанијата „Унавита“ со македонски капитал создаде производ за борба со ракот

„Унавита“ е интернационална компанија со американско-хрватско-македонски капитал, лоцирана во Република Бугарија. Компанијата успеа да создаде два препарата кои се силни зајакнувачи на имунолошкиот систем и кои помагаат во борбата со ракот на меките ткива, а исто така помагаат и кај хепатитиси Б и Ц. Производите „Аносохип“ и „Воталек“, кои се користат во комбинација, се резултат на повеќегодишно истражување, тестирања и строги контроли, според највисоките медицински и фармацевтски стандарди. Истите имаат широк спектар на ефекти во подобрување на здравјето на пациентите.

Компанијата „Унавита“ со македонски капитал создаде производ за борба со ракот

Оваа комбинација од „Аносохип“ и „Воталек“ се користи како дополна во третманот на разни видови на рак како што се: хепатоцелуларен карцином, билијарен карцином, рак на дојка и дебело црево, карцином на простата и бели дробови како и поддршка за време на хемотерапија и радиотерапија.

„Состојките содржани во овие два производа имаат силни антиинфламаторни карактеристики. Тие може да ги зајакнуваат и ги стимулираат каналите за детоксификација во црниот дроб. Метаболитот којшто се ослободува од „Аносохип“ и „Воталек“ помага во отстранување на штетни материи, на слободните радикали, како и на другите токсични супстанци од телото преку црниот дроб. Овој метаболит покажа позитивни ефекти на неколку дисфункции на црниот дроб, како што се цироза, хепатитиси Б и Ц, како и на неколку форми на рак“, открива Доц. Д-р Петја Генова-Калу, која беше дел од тимот што учествуваше во тестирањето на ефектите и придобивките од споменатите два производа.

Освен за одржување на нормална функција на меките ткива, овие два препарата може да ги инхибираат факторите кои ги оштетуваат.

„Дериватите содржани во нив можат да помогнат во регенерација на оштетените клетки на меките ткива, како и да ја намалат агресивноста на токсичните материи кои се појавуваат при оштетување на црниот дроб“, истакнува Доц. Д-р Андреј Чорбанов.

Одреден број пациенти веќе имаа прилика да ги користат „Аносохип“ и „Воталек“ и од лични искуства сведочат за нивната ефективност.

„Пијам витамини и минерали, ама силата што ја имам, за да си ги извршувам обврските, по примените хемотерапии и радиотерапии и целосното лечење, доаѓа од овие два производа. Тие имаат многу големо влијание врз мојот имунитет, врз моето здравје, врз мојата сила, врз мојата психа“, открива Дивна Нешова, на која што ѝ бил дијагностициран рак на лимфните жлезди, но кај којашто по стандардната терапија и користењето на „Аносохип“ и „Воталек“, болеста се повлекла.

„Унавита“ е веќе присутна со своите производи на пазари во Европската Унија, Азија, Африка и во Нов Зеланд. Во Македонија, „Аносохип“ и „Воталек“ ќе бидат достапни како граничен производ во сите најснабдени аптеки, а дистрибуцијата ќе ја врши „Спектрум медикал“ од Скопје.

„Унавита“ ги базира своите истражувачки и производствени капацитети во земјите од Европската Унија, Хрватска и Бугарија, а нејзината главна мотивација е откривање и создавање нови медикаменти во подобрување на здравствената состојба кај пациенти со тешки заболувања. Научниците и истражувачите на „Унавита“ се искусни експерти во полето на фармакологијата, познати како изумители на извонредни нови состојки, автори на значителни дела и универзитетски предавачи. Производите на компанијата се дизајнирани и патентирани за да можат да спасат живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Остави коментар