Компанијата „Мекиците од Стража“ отвора нов ресторан во центар на Скопје

Компанијата „Мекиците од Стража“ отвора нов ресторан во центар на Скопје

Бистро Скопје – така се вика новиот ресторан кој утре се отвора на местото каде што претходно се наоѓаше пекарата Мекиците од Стража во центарот на Скопје. Нешто сосема ново од компанијата со голема традиција, позната по локалите во Стража, Скопје и Гостивар.

(2) kompanijata-mekicite-od-strazha-otvora-nov-restoran-vo-centar-na-skopje-www.kafepauza.mk

Новиот ресторан на менито ќе нуди скара и морска храна зачинета со звуци на добро избрана блуз и џез музика. Исто така ќе може да се нарачаат и извонредните пици, паста и се разбира најдобриот бургер во градот.

(3) kompanijata-mekicite-od-strazha-otvora-nov-restoran-vo-centar-na-skopje-www.kafepauza.mk

За супер храната ќе бидат задолжени двајца од најдобрите шефови на кујни во Скопје кои неодамна потпишаа договор со компанијата. Жика и Рубин се двајца талентирани готвачи со огромно искуство во професијата. Со нетрпение ќе Ве очекуваат да Ви ги подготват новите специјалитети!

(4) kompanijata-mekicite-od-strazha-otvora-nov-restoran-vo-centar-na-skopje-www.kafepauza.mk

Како што веќе се знае за оваа компанија и овој пат бидете подготвени да видите нешто волшебно и превкусно!

Бистро Скопје ве очекува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар