Компанијата „Авон Македонија“ добитник на награда за филантропија

Компанијата „Авон Македонија“ добитник на награда за филантропија

„Авон Македонија“ ја доби наградата за филантропија ОКО чие свечено доделување беше вчера (27 февруари, понеделник) во едукативниот центар М6 во Скопје. Станува збор за признание кое традиционално го доделува здружението ХОРУС, а во име на познатата козметичка компанија го подигна Ангела Попјанев. Наградата отиде кај „Авон“ во категоријата долгорочни партнерства помеѓу деловниот и граѓанскиот сектор за соработката која ја реализираше со кризниот центар „Надеж“ во рамки на кампањата за борба против семејното насилство.

1-kompanijata-avon-makedonija-dobitnik-na-nagrada-za-filantropija-kafepauza.mk

Козметичката компанија лани донираше 10.000 долари на организацијата која 16 години наназад обезбедува помош на жртвите на семејно насилство во Македонија. Покрај донацијата, на социјалните мрежи беше реализирана кампања за подигање на свеста за проблемот во која учествуваа голем број јавни личности повикувајќи за заедничка борба против семејното насилство. „Авон“ и на глобално ниво, преку својата фондација, има активна програма наречена „Проговори против семејното насилство“, а средствата кои се донираат се собираат преку продажба на посебни производи од нивната палета обележани со симболот на бесконечност.

„Ова беше наша прва поголема донација во Македонија насочена кон борбата против семејно насилство иако сме реализирале неколку успешни кампањи за подигање на свеста за ракот на дојка. Дел од нашата компаниска мисија се активностите фокусирани кон овие два проблеми кои во најголем дел ги погодуваат жените и се обидуваме постојано да вложуваме и придонесуваме да се поместат работите на подобро. Чест ни е што нашиот труд се вреднува и оваа награда е доказ дека сме на правиот пат, но вистинска победа би било намалувањето на случаите на семејно насилство во земјата“ – велат од менаџерскиот тим на „Авон Македонија“.

2-kompanijata-avon-makedonija-dobitnik-na-nagrada-za-filantropija-kafepauza.mk

Наградите за филантропија ОКО се реализираат во рамки на проектот SIGN имплементиран од SIGN – регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а со финансиска поддршка на Европската унија и Балканскиот фонд за демократија. Целта е да им се даде можност на граѓаните, јавните институции, граѓанските организации и крајните корисници на донациите јавно да ја искажат својата благодарност кон донаторите. Од друга страна, наградите им даваат можност на донаторите да добијат поголема поддршка од јавноста за проектите во кои веруваат и со кои навистина придонесуваат за заживување и развој на вредности како солидарност, почит, етичност, хуманост и добротворство.

3-kompanijata-avon-makedonija-dobitnik-na-nagrada-za-filantropija-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар