Ќе има смеење: Сашко Коцев гостин во „Еден на Еден“ (ВИДЕО)

Ве очекува одлично издание на „Еден на Еден“ во недела на „Канал 5“ во 18.50 часот. Домаќинот Жаре го угости популарниот актер Сашко Коцев, кој секогаш има што да каже, раскаже и прераскаже.

Зборуваше за најновата улога која ја доби пред неколку месеци, односно улогата на татко на малечката Јоана, се пофали за новите проекти на кои работи, ни раскажа неколку анегдоти, а за првпат Сашко прозборе и за инцидентот со екс-градоначалникот на Охрид.

Но, ова е само мал дел од она што ќе имате прилика да го видите на малите екрани.

Затоа, недела, 18.50 часот на „Канал 5“. Подгответе се за многу смеење…

Погледнете ја најавата…

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар