Камера! Звук! Акција! Атанас и Тино снимаат реклама, придружи им се!

Камера! Звук! Акција! Атанас и Тино снимаат реклама, придружи им се!

Топ би било кога твојата идеја би се искористила за најновиот видео спот за ТОПСИ со што ти би седнал на столчето на главниот сценарист! Да, токму така, Тино и Атанас овој пат со Стопанска банка поставуваат уште посериозен и повозбудлив предизвик за креативните млади. Откако успешно го решија со вас начинот на креативно дизајнирање сопствена ТОПСИ ID картичка сега на ред е снимањето на новиот ТОПСИ видео. Па засукајте ги ракавите, препуштете се на креативното размислување и ставете се во потрага по најдобрата идеја за сценарио по кое ќе се сними новата ТОПСИ реклама.

kamera-zvuk-akcija-atanas-i-tino-snimaat-reklama-pridruzhi-im-se-kafepauza.mk

Повторно во игра се сите инспиративни млади луѓе кои сакаат да бидат дел од овие креативни предизвици, па Тино и Атанас ги повикуваат да не ја штедат својата фантазија и да ги споделат со нив сите идеи кои сметаат дека се доволно „кул“ за да се направи новата реклама на Топси.

„Дечки, досега бевте многу јаки, но со новиот предизвик од вас очекуваме идеи за да ја направиме најдобрата и најоригиналната ТОПСИ видео реклама. Ајде друштво, земете телефони и таблети во раце, логирајте се на topsi.mk и предлагајте приказни за Топси видео спотот! Да не заборавиме – предлозите со најмногу гласови добиваат подароци соодветни за сниматели: Go Pro камера, Дрон и Екстерен Диск, додека жири комисијата предлогот што ќе го изгласате ќе ни помогне да го преточиме во вистински видео спот“, велат Тино и Атанас.

Предлозите можете да ги испраќате на веќе познатите канали и тоа порталот www.topsi.mk како и преку социјалните мрежи – Твитер и Инстаграм со хаштаг #topsi #топси или на официјалната страна на Фејсбук @topsi. Тие можат да бидат во форма на напишан текст, фотографии, видеа, гифови, цртежи…бидете оригинални и храбри во споделувањето на вашите идеи и помогнете им на Тино и Атанас заеднички да ја направите најдобрата реклама до сега.

Повеќе околу настаните што следат на: topsi.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар