Како кафето влијае на човекот: Природен чувар на расположението

Додека уживате во кафето како еден од омилените пијалаци во светот, сигурно не ни помислувате на тоа дека вашиот избор на кафе зборува за вашиот карактер.

Кафето како дел од нашето секојдневие, во кој било дел од денот, подготвено на различни начини, испиено во најразличен амбиент, во различно друштво, стана голем ритуал.

Како кафето влијае на човекот: Природен чувар на расположението

Зошто го сакаме кафето?

Научниците од Харвард утврдиле дека нашата генетика, поточно разликите во нашата ДНК, се одлучувачки за тоа кој ќе сака кафе, а кој не. Како ќе реагираме на кафето зависи токму од гените. Кафето го сакаме од различни причини. Тоа ни го бистри умот затоа што кофеинот влијае на нашата будност.

Кафето Идеале, уште на првата голтка се чувствува дека е кафе направено со срце. Ниту вкусот, ниту мирисот, ниту неговиот изглед нема да ве остават рамнодушни. Идеале еспресото едноставно не може да не се сака. Со него се чувствуваме свежи, активни и секогаш подготвени за она што следи. Идеале кафето влијае и на нашето добро расположение. Кафето е едно од најубавите задоволства во животот на луѓето.

Здравствени придобивки од пиењето кафе

Овој вкусен топол пијалак исто така е одличен и за вашето здравје.

Кога научниците ги испитувале долгорочните здравствени ефекти од кафето, откриле дека 3 до 5 шолји кафе во текот на денот, се дел од здравата исхрана на човекот.

За кафето се одлучуваме и кога пристапуваме кон диететски начин на исхрана, затоа што кафето многу често го забрзува метаболизмот, го потпомага чистењето на организмот и ја зголемува издржливоста во текот на физичката активност.

Во кафето уживаме затоа што ни годи по напорниот ден кога сакаме да се опуштиме и да се посветиме себеси или на партнерот. Кафето Идеале, на пример, сакаме да го пиеме во друштво, затоа што ни овозможува моменти на забава и дружење особено за време на овие предпразнични денови.

Врз расположението на човекот, врз неговото здравје и тело, влијае и количината кафе што ја пиеме. Една чаша го регулира крвниот притисок и влијае позитивно на крвните садови. Кафето во умерени количини е одличен антиоксиданс и ја стимулира мозочната активност. Наспроти ова, повеќе од 5 шолји кафе може да го нарушат спиењето и да бидат причина за нервоза и нетрпеливост.

Како кафето влијае на човекот: Природен чувар на расположението

Какво кафе, таков карактер

Ако најмногу сакате домашно подготвено кафе сварено во ѓезве, значи дека сте искрени личности, едноставни и стабилни. Овие личности делуваат сериозно и воздржано. Избегнуваат впечатливи и нагласени бои. Луѓето што го сакаат ова кафе понекогаш оставаат впечаток на тивки личности. Како работници, овие луѓе се одговорни, но немаат натпреварувачки дух.

Инстант кафето го бираат личности кои не сакаат многу да работат, како и оние кои обврските не ги извршуваат на време.

Љубителите на еспресо се брзи и едноставни личности, исто како и самото кафе. Овие личности секогаш го зборуваат тоа што го мислат и функционираат онака како што сакаат. Сакаат да бидат главни и ги критикуваат другите со цел „да им ги отворат очите“. Никогаш не губат време и не им го подаруваат на луѓето кои не им значат во животот. Љубителите на еспересо не го сакаат озборувањето и не го губат времето во „кафе пиење“.

Доколку пиете кратко еспресо тогаш живеете авантуристички. Едноставно сте личност која нема време да седне и да ужива во кафето.

Обожавателите на дупло еспресо се тип на луѓе кои размислуваат логички. Исклучително се практични и се слични на љубителите на еспресо, со уште понагласени карактерни особини. Вредни се, имаат јасни, концизни идеи и даваат сѐ од себе.

Кремастите кафиња како што е капучиното ги пијат личностите кои сакаат да имаат контрола над ситуацијата. Овие луѓе се вистински хедонисти, и додека го пијат своето кафе не сакаат да бидат прекинати во ритуалот.

Љубителите на кафе со млеко, како што е на пример макијатото, се личности кои водат грижа за другите и сакаат да ги усреќат. Овие личности се љубопитни и сакаат да испробуваат нови работи.

Дупло еспресо со млеко пијат личности со цврст карактер, кои се одлучни и знаат што сакаат во животот, а делуваат нежно.

Ако сте обожавател на дупло еспресо со цимет, каранфилче и шлаг тогаш сакате сѐ да ви биде под контрола и со вашиот однос оставате впечаток на пребирлива личност.

Луѓето кои сакаат кафе со чоколадо, карамела и други слатки кафиња се весели и ведри, забавни, оптимистични и често детинести во однесувањето. Уживаат во благото, кафето им е само изговор за да внесат уште малку шеќер и да уживаат во омилените благи вкусови.

Безкофеинско кафе пијат личности кои водат голема грижа за своето здравје, практични се, но со ригидни ставови. Нивниот избор покажува силна самоконтрола, затоа што сите задоволства, па дури и пиењето кафе го ограничуваат и го дозираат.

Голтка по голтка или на екс. Според психологот Гари Венк, помеѓу видот на кафето, брзината со која го пиеме и нашиот ум постои јасна врска. Ако кафето, па дури и еспресото го пиете полека, значи дека сте хедонист кој сака да ужива и за сѐ во животот има време. Луѓето кои кафето го пијат „во две голтки“ се одговорни личности. Оние кои го пијат кафето на екс не знаат да уживаат, не знаат да си угодат себеси и затоа често се под стрес.

Оние кои пијат Идеале се среќно расположени и полни со ентузијазам. Оние кои пијат Идеале се дел од светот на љубовта.

Како кафето влијае на човекот: Природен чувар на расположението


За авторот
Читај на раат!

Остави коментар