Југоекспорт Стил – мебел за луѓе со префинет вкус! Започна саемскиот попуст.

Каде да се најде софата од соништата, која и според бојата и дизајнот ќе се вклопи во вашиот простор или како да одберете мебел кој ќе одговара за вашиот стан или куќа. Секако сакате и парчето да биде уникатно со интересен дизајн, убаво изработено, од квалитетен материјал.

1-jugoeksport-stil-mebel-za-lugje-so-prefinet-vkus-zapochna-saemskiot-popust-kafepauza.mk

Реално во Скопје има малку продажни салони кои нудат ексклузивен мебел, за специфични потрошувачи кои бараат нешто повеќе од функционалност. Најчесто тоа се софистицирани луѓе со истенчен вкус кои бараат совршеност во еден производ. Едни од нив се продажните салони на Југоекспорт Стил, име кое остана запаметено по ексклузивните парчиња мебел уште за време на Југославија, а брендот и ден–денес ја задржа традицијата за продажба на парчиња мебел со висок квалитет и уникатен дизајн. Мебелот е увозен и е најчесто од Италијански производители.

2-jugoeksport-stil-mebel-za-lugje-so-prefinet-vkus-zapochna-saemskiot-popust-kafepauza.mk

Продавниците изобилуваат со парчиња мебел за секој дел од домот, со што на едно место може да ги најдете потребните елементи за совршен простор за живеење. Во Југоекспорт Стил ќе ви помогнат стручни лица при изборот на мебелот, бидејќи некогаш избраното парче што ни се допаѓа, може да не одговара во просторот за каде е наменето. Затоа архитектите вработени во Југоекспорт Стил, на лице место можат да изработат детални скици, нацрти и се разбира 3Д анимации за да може виртуелно да се влезе во вашиот дом, да се креираат функционални и практични решенија пред да се направи вистинскиот избор, и сето тоа е бесплатно.

Како ретко која компанија тие нудат и бесплатен транспорт низ Македонија, како и бесплатна монтажа. што е секако дополнителна предност и олеснителна можност за секој купувач. А доколку решите веднаш да одите да одберете нешто,во продажните места на Југоекспорт Стил, ќе добиете и саемски попуст.

Тел. +389 2 3114 281
info@jugoexportstil.com.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар