Известување за меѓународен кошаркарски турнир организиран од Меѓународните училишта НОВА

Известување за меѓународен кошаркарски турнир организиран од Меѓународните училишта НОВА

Меѓународните училишта НОВА, како едно од 19-те меѓународни училишта од централна и источна Европа членки на CEESA (Central & Eastern European Schools Association), на своите ученици им овозможуваат учество на меѓународни спортски натпревари во повеќе спортови како фудбал, кошарка, одбојка, пливање, тенис и софтбол.

izvestuvanje-za-megjunaroden-kosharkarski-turnir-organiziran-od-megjunarodnite-uchilishta-nova-kafepauza.mk

Овогодишниот меѓународен кошаркарски турнир за средношколки (5 до 7 март), ќе биде организиран во Скопје од страна на НОВА. На турнирот покрај тимот на НОВА ќе земат учество и тимови од Меѓународното училиште од Белград, Србија (ISB – International School of Belgrade), Англо-американското училиште од Софија, Бугарија (AAS – Anglo-American School of Sofia), Печерск меѓународното училиште од Киев, Украина (PSI – Pechersk School International, Kiev), Meѓународното училиште од Хелсинки, Финска (ISH – International School of Helsinki) и

Меѓународното училиште од Братислава, Словачка (QSI – Quality School International, Bratislava).

Натпреварите од турнирот ќе се играат на терените во спортскиот центар Борис Трајковски во четврток и петок, и во спортскиот центар Кале во сабота. По завршувањето на натпреварите по лига систем (секој со секој), во сабота на 7 март ќе се играат завршните натпревари за освојување на 5-то, 3-то и 1-во место. За најдобрите тимови следуваат пехари и медали.

На самиот турнир фер плејот се цени исто толку колку што се цени и умешноста и посветеноста во самата игра. Поради таа причина најголемиот трофеј се доделува на екипата која според гласовите на играчите и тренерите од другите тимови демонстрирала нај фер-плеј однесување и најпозитивен однос кон самата игра, кон другите тимови, кон судиите и гледачите. Ова е навистина престижен трофеј кој секоја екипа го посакува во своите витрини.

На крајот на турнирот исто така се прогласува и All Star Team кој го сочинуваат најдобрите играчи од сите тим. Влезот на турнирот е бесплатен.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар