Instagram натпревар: СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2015 (#SKK15)

Instagram натпревар: СКОПЈЕ КРЕАТИВА 2015 (#SKK15)

Фестивалот за креативни индустрии – Скопје Креатива 2015, оваа година започнува со својот Инстаграм натпревар под мотото „Скопје – мојот град!“

Print

Скопје Креатива претставува уникатен настан кој веќе 4 години влијае позитивно врз развојот на културната сцена и на едно место ги обединува креативниот сектор во земјава и регионот, како и бизнис заедницата. Оваа година Скопје Креатива ќе се одржи од 16-20 септември 2015 со локација во Плаја Виста, Скопје. Четирите фестивалски денови се исполнети со богата програма која вклучува изложби, презентации, предавања, работилници, панел дискусии, форуми/дебати.

Целта на натпреварот е да се поттикнат Instagram корисниците да споделуваат фотографии од креативни и инспиративни моменти на градот Скопје на нивните Instagram профили.

За да се вклучите во натпреварот, потребно е да го заследите Instagram профилот на Скопје Креатива и при објавата на фотографијата задолжително да го користите хаштагот SКК15. Дополнително може да дадете опис зошто го одбирате токму тој дел или момент од Скопје, или што претставува за вас.

Натпреварот трае до 5 септември, по што следи избор на најдобрите 30 фотографии и организирање на нивна изложба на самиот настан. На секоја од испечатените фотографии ќе биде изложено и корисничкото име на фотографот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар