Галичник, нови млечни производи на пазарот

Галичник, нови млечни производи на пазарот

(Скопје, 10.12.2013) – „Галичник“ е името на новите млечни производи на малопродажниот пазар. Овчо галичко сирење и овчи кашкавал во индивидуално пакување се двата нови производи од млекарницата Галичник, којашто е во сопственост на Перминдекс Групацијата.

Галичник, нови млечни производи на пазарот

Млекарницата Галичник располага со сопствено стадо од околу 7000 овци од кои ја обезбедува целокупната суровина, млеко за потребите за производство на млечни преработки, сирење и кашкавал. Сите производи се произведени од 100% овчо млеко и се без вештачки додатоци и додадени растителни масти.

„Самото производство, како сточарското, така и производството на млечните преработки се одвива на традиционален начин во еколошки чиста средина. Со вакви карактеристики сигурни сме во квалитетот на нашите производи кои уште од сам почеток се наметнаа како сериозна конкуренција на компетитивниот млечен пазар и веруваме дека тие ќе станат чест избор на купувачите“, изјави Никола Деребанов, директор на Перминдекс Групацијата.

Квалитетот на новите млечни производи е загарантиран од еколошки чистите пасишта на падините на планината Бистра, каде се сместени стадата. Исто така, високата контрола на здравствената состојба на стадата и големата вештина на бачовите во производството, придонесува Млекарница Галичник да располага со врвен квалитет на традиционални млечни производи.

Новите млечни производи се веќе достапни во поголемите супермаркети а во квалитетот на производите на Млекарницата Галичник, купувачите можат да се уверат на „Cheese land“, изложба на сирења во Веро Центарот, каде граѓаните ќе можат да дегустираат различни водови сирења, кашкавал и други млечни производи со Стоби вино. Настанот „Cheese land“ ќе трае од 29 ноември до 15 декември.

Од млекарницата најавуваат за скоро пласирање на нови производи под името „Галичник“ и зголемување на палетата традиционални галички млечни производи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар