Фотосесија за новата колекција „Инстинкт“ на Антонија Ристовска

Фотосесија за новата колекција „Инстинкт“ на Антонија Ристовска

Антонија Ристовска ги објави фотографиите од фотосесијата за новата колекција есен/зима 2013/14 „Инстинкт“ која што беше промовирана на Модниот викенд Скопје.

Водејќи се од темата „Инстинкт“ и целата атмосфера што ја поттикнува оваа водечка точка, фотографиите за оваа колекција се богати со колорит кои ги оплеменуваат моделите и го будат инстинктот во секој поглед. Преубавите девојки во замаглена атмосфера, растенијата кои потсетуваат на големите диви шуми во Амазон и вистинските змии ги прават фотографиите прав пандан на убавици среде џунгла. За првпат во Македонија, покрај стандардните фотографии беше употребена техниката синемаграфи на таканаречени „движечки фотографии“ кој уште повеќе ја истакнуваат лелеавоста на моделите.

Фотографи: Ани и Дими
Модели: Маријана Станојковска и Маја Ристевска
Шминка и фризура: Зоран Шурбевски
Змии: сопственост на Војо Иванов



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар