Eucerin Volume – Filler: Помага да се врати волуменот на лицето, ги дефинира контурите и формата на лицето и видно ги намалува брчките!

Жените кои посетуваат дерматолози за третмани против стареењето на кожата, често го опишуваат своето лице како „уморно“, „под стрес“ или „тажно“, не знаејќи дека брчките не се единствените непријатни несакани ефекти на стареењето. Исто така губењето на волуменот е типично за стареењето, кожата ја губи еластичноста и обемот на контурите на лицето стануваат помалку дефинирани. И токму недостатокот на волумен прави нашето лице да изгледа како да е под стрес, уморно, а понекогаш дури и несреќно. Eucerin Volume – Filler. Помага да се врати волуменот на лицето, ги дефинира контурите и формата на лицето и видно ги намалува брчките.

0-eucerin-volume-filler-pomaga-da-se-vrati-volumenot-na-liceto-gi-definira-konturite-i-formata-na-liceto-i-vidno-gi-namaluva-brchkite-kafepauza.mk

Повеќе фактори придонесуваат за загубата на волуменот и стареењето, а различни процеси се случуваат во секој слој на кожата. Во горниот слој на епидермисот, се произведуваат помалку липиди и обновувањето на клетките се забавува. Клетките на кожата произведуваат помалку хијалуронска киселина која е одговорна за нивното хидрирање. Резултатот е груба и сува кожа. Следниот подлабок слој, дермисот, губи еден процент од својот колаген секоја година. “Ова е една од причините зошто кожата станува помалку еластична и контурите на лицето ја губат дефиницијата”, објаснува д-р Wolber од Еуцерин. На површината, слојот на масното ткиво истенчува, што предизвикува промена во контурите на лицето и вдлабнати образи.

1-eucerin-volume-filler-pomaga-da-se-vrati-volumenot-na-liceto-gi-definira-konturite-i-formata-na-liceto-i-vidno-gi-namaluva-brchkite-kafepauza.mk

Eucerin Volume-Filler содржи три состојки кои делуваат ефикасно против факторите кои причинуваат кожата да ја губи својата еластичност, форма и волумен. Делува на сите слоеви на кожата, регенерира, правејќи ја кожата мека и еластична. Високо ефикасната состојка Магнолол го зголемува волуменот на кожата, хијалуронската киселина ефикасно ги полни брчките одвнатре кон надвор, додека олигопептидите ја стимулираат синтезата на колаген. Содржи и СПФ 15 заштитен фактор и УВА филтер кој штити од штетните сончеви зраци.

2-eucerin-volume-filler-pomaga-da-se-vrati-volumenot-na-liceto-gi-definira-konturite-i-formata-na-liceto-i-vidno-gi-namaluva-brchkite-kafepauza.mk

Производите се без парабени и додатоци за боја, со напреден заштитен систем што ги прави едноставни за користење и истовремено особено ефикасни. Клиничките тестирања докажаа дека кожата одлично ги поднесува. Колекцијата се состои од дневен крем за сува кожа и дневен крем за нормална и комбинирана кожа, ноќен крем за сите типови кожа и крем за околу очите, како и концентрат, обезбедувајќи и на кожата потполна нега и заштита во текот на целиот ден.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар