Eucerin Sun Crème Allergy Protection: Докажана заштита од алергии предизвикани од сонце

Во умерени количества сонцето е извор на здравје, го крева расположението, буди чувство на среќа. Научно е докажано дека помага во регулирање на сите животни функции и има значајна улога во формирањето на сончевиот витамин Д кој е важен за структурата на коските. Но, предолгото и неумерено изложување на сончевите зраци може да биде опасно.

eucerin-sun-crеme-allergy-protection-dokazhana-zashtita-od-alergii-predizvikani-od-sonce-kafepauza.mk

Дерматолозите сè погласно апелираат да се чуваме од штетното дејството на УВ-зраците. УВБ-зраците навлегуваат во горните слоеви од кожата и предизвикуваат изгореници. УВА-зраците делуваат како игли: продираат длабоко во кожата и можат да предизвикаат алергии од сонцето, хиперпигментација и предвремено стареење на кожата.

Најдобар начин за заштита е доколку воопшто не се изложуваме на сонце. Но постојат моменти кога едноставно не сакаме да бидеме во сенка. Во такви ситуации ни е потребна високо ефикасна заштита, која ја овозможува Eucerin Sun Crème Allergy Protection. Клинички тестиран и медицински докажан, овој производ обезбедува ефикасна заштита од алергии предизвикани од сонцето со Алфа-Глукозил-Рутин од дрвото јапонска пагода и витамин Е.

Покрај ефективните УВА и УВБ филтри, овој производ овозможува единствена биолошка заштита со Ликохалкон, силен антиоксиданс кој ги заштитува клетките на кожата во подлабоките слоеви. Лесно се размачкува и обезбедува природен тен на кожата без таа да сјае.

Да се заштитиме денес, за утре да бидеме здрави и прекрасни.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар