Eucerin DermatoCLEAN 3-in-1 Micellar Cleansing Fluid: Го чисти лицето како гел, освежува како тоник и нежно и ефективно ја отстранува шминката

Тешко дека може да се најде друг начин што ни дава чувство на свежина и опуштеност, како што е длабокото вдишување на чист воздух. Колку подлабоко вдишуваме, толку повеќе кислород внесуваме во нашите клетки и изгледаме посвежо и порелаксирано.

(1) Eucerin DermatoCLEAN 3-in-1 Micellar Cleansing Fluid: Го чисти лицето како гел, освежува како тоник и нежно и ефективно ја отстранува шминката

Но, постои и втор, речиси незабележлив начин на внесување на кислород, а тоа е преку нашата кожа. Студиите покажуваат дека атмосферскиот кислород е значаен снабдувач со кислород за површинските клетки на кожата, додека транспортот на кислород преку крвта има само мало значење. Токму затоа е исклучително важно да се користи медицинска козметика која овозможува ефикасно чистење, овозможувајќи и притоа на кожата на лицето слободно да дише. Во спротивно ќе биде ограничен протокот на кислород во клетките на кожата, ќе се намали интензитетот на регенерација на клетките и чувството на свежина.

Поттикнати од овие знаења, Еуцерин го креираше Eucerin DermatoCLEAN 3-in-1 Micellar Cleansing Fluid исклучително ефикасен производ кој комбинира три производи во еден. Го чисти лицето како гел, освежува како тоник и нежно и ефективно ја отстранува шминката. Овозможува нежно и темелно чистење,  а притоа кожата слободно дише, што е особено значаен чекор на патот до убава и негувана кожа на лицето.

(2) Eucerin DermatoCLEAN 3-in-1 Micellar Cleansing Fluid: Го чисти лицето како гел, освежува како тоник и нежно и ефективно ја отстранува шминката

Овој производ може да се користи наутро за отстранување на остатоците и вишоците на кожата како себумот и потта создадени во текот на ноќта, додека навечер за ефикасно отстранување на нечистотиите и шминката. Чистењето на лицето е важен дел од рутинската дневна нега, подеднакво важно како и користењето на кремите. Чистењето на кожата со Eucerin DermatoCLEAN 3-in-1 Micellar Cleansing Fluid ги поттикнува регенеративните процеси, обезбедува оптимална хидратација, и ја подготвува кожата за употреба на Еуцерин кремите. Eucerin DermatoCLEAN има висока дерматолошка вредност, клинички е тестиран, не содржат алкохол и други вештачки додатоци и е особено погоден за осетлива кожа.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар