Еликсир од 5 есенцијални масла на Avon ја редефинира негата на кожата на лицето

Еликсир од 5 есенцијални масла на Avon ја редефинира негата на кожата на лицето

Производите за нега на кожата сè повеќе се насочуваат кон природните состојки, а во таа линија се и најновите проекти на експертите од козметичкиот гигант AVON, кои минаа долг период во истражување за да создадат идеален еликсир за лице. Резултатот е новото регенерирачко масло за лице Miracle Glow од линијата NutraEffects кое ја обновува и хидрира кожата, ја зацврстува нејзината обвивка и ја прави поеластична. Комбинација е на бабасово масло и на маслата од маракуја, марула, зелено кафе и ленено семе збогатени со витаминот Е. Алерго тестиран и соодветен за луѓе со чувствителна кожа, а козметолозите го нарекуваат витаминска бомба за лицето. Иако маслата генерално се тешки за користење, една од најсилните предности на маслото за лице NutraEffects Miracle Glow е фактот дека брзо се впива и не ги затнува порите.

0-eliksir-od-5-esencijalni-masla-na-avon-ja-redefinira-negata-na-kozhata-na-liceto-kafepauza.mk

AVON во светски рамки ја редефинира негата на кожата со тоа што ги собира позитивните елементи од повеќе масла и ги вградува во еден производ. Секое од маслата е избрано со вистинска причина. Бабасовото масло е одличен стумулатор на колагенот, протеин кој ја враќа цврстината и свежината на кожата. Маслото од маракуја го поттикнува создавањето на еластинот кој е одговорен за еластичноста на кожата, додека она од марула има ублажувачки својства. Зеленото кафе го хидрира лицето, а лененото семе ја зацврстува обвивката на кожата. Сите овие компоненти, надополнети со витаминот Е, кој сам по себе е силен антиоксиданс, го прават лицето помладо и помазно.

Регенерирачкото масло за лице Nutra Effects не содржи бои и парабени, со што го прави совршен избор за луѓето кои ја преферираат природната козметика или имаат чувствителна кожа.

2-eliksir-od-5-esencijalni-masla-na-avon-ja-redefinira-negata-na-kozhata-na-liceto-kafepauza.mk

Маслото за лице е дел од линијата Nutra Effects која е наменета за нега на кожата и беше лансирана пред една година. На првиот роденден на NutraEffects, Avon го претставува новото регенерирачко масло кое всушност е надополнување и чекор понапред на оваа линија и има за цел да даде силно освежување на лицето и може да се употребува навечер, но и во текот на денот. Инаку, доказ за огромниот успех на линијата Nutra Effects е и фактот дека откако излезе во продажба продадени се околу 20.000 кремови за лице.

AVON е компанија која веќе 130 години гордо се залага за убавина, иновации, оптимизам и над сѐ – за жените. Производната палета на AVON ги содржи добро познатите и посакувани брендови како ANEW, Avon Color, Skin-So-Soft и Advance Techniques. Продаван преку скоро 6 милиони активни независни Претставници, производите на AVON ги воодушевуваат потрошувачите во скоро 70 земји во светот.

1-eliksir-od-5-esencijalni-masla-na-avon-ja-redefinira-negata-na-kozhata-na-liceto-kafepauza.mk

Информирајте се повеќе за AVON и неговите производи на avoncosmetics.com.mk.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар