Елена Лука во свој стил ќе го одбележи Св. Трифун

Елена Лука во свој стил ќе го одбележи Св. Трифун

Елена Лука во свој стил ќе го одбележи Св. ТрифунНа 14-ти февруари од 19 ч. до 20 ч., по повод празникот лозарите, Св. Трифун, македонскиот моден бренд Елена Лука организира прослава во својот салон во Скопје Сити Мол.

Вратите од салонот на Елена Лука ќе бидат отворени за секој кој е расположен за добра забава во пријатна атмосфера, исткаена од моден амбиент, музичка закуска и арома на Божји пијалак.

„Идејата за прославување на Св. Трифун на ваков начин се роди од желбата за споделување љубов, традиција и искреност со секоја личност, без селектирање и двоење. Нема ништо поубаво и повредно од тоа кога на празничен ден се отвораат вратите за секој кој сака да е дел од таа бајка и одлучува токму со Вас да создаде незаборавлив и вечен момент, исполнет со среќа и топлина. Едноставно, сакаме тие бесценети моменти да ги изградиме со оние кои се заслужни за постоењето и работењето на Елена Лука, а тоа се сите кои и барем еднаш влегле низ вратите на нашите салони“ – изјави Елена Лука.

Покрај овој настан, истиот ден, од 18 ч. до 22 ч., посетителите на Сити Мол, кои ќе наминат во салонот на Елена Лука, ќе имаат можност да бидат дел од „In Elena Luka Veritas“ акцијата и да добијат вино стилизирано со уникатна креација.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!
  1. Анонимен Reply

    <3

Напиши одговор на Анонимен Откажи одговор